Македонија
Ковачевски за споменикот во Сопот: Мапата на голема Албанија, по влегувањето во НАТО, не е релевантна за нас и доцни 145 години
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/kovacevski-uck-golema-albanija.jpg)
Мапата за голема Албанија, која е дел од споменикот во Музејот на жртвите во кумановско Сопот, не го загрижува премиерот Димитар Ковачевски оти за него таа доцни 145 години и, по влезот во НАТО, не е релевантна за нас. Премиерот смета дека со право ваквите настани предизвикуваат бура од реакции кај граѓаните.
„Ако добро пресметав утрово, ставање таква карта е задоцнето најмалку 145 години, односно точно 145 години. Ако по нешто може да се отслика какви биле односите на Балканот пред 145 години, пред 200 години и така натаму, тоа се такви слични карти, кои секоја држава на Балканот ги има. Ама буквално секоја. Сметам дека она што ние го имаме денес како општество воопшто не ги прави релевантни таквите мапи. По 2001 година, по влегувањето во НАТО, ние во нашата држава имаме други мапи, кои се релевантни, а тоа е мапата на државите членки на НАТО. Со почнувањето на преговорите за членство во Европската Унија ,мапата што ние ќе ја имаме и се надевам сите други земји од Западен Балкан, е мапата на обединета Европа. Тоа е единственото нешто што треба да го обединува целиот Балкан. Сето друго е 145 години задоцнето“, рече премиерот.
Премиерот потврди дека споменикот во Сопот е на приватен имот, а Општина Куманово нема никакви информации за него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.