Македонија
Ковачевски најави лидерска средба по што на веб-страницата ќе биде објавен францускиот предлог
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/Dimitar-Kovacevski.jpeg)
Предлогот од француското претседателство во интегрална форма ќе биде објавено денеска на официјалната владина веб-страница по средбата со владината коалиција, најави претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.
Toj за денеска најави повеќе средби и консултации во врска со предлогот.
„Како што ветив, отвораме процес на широки консултации. Денеска, во 11 часот, во Владата, ќе се одржи средба на лидерите на партиите од владината коалиција, на која ќе се разгледува предлогот на француското претседателство. Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе го објавиме на официјалната веб-страница на Владата. Во текот на денот, покрај средбата со владината коалиција, ќе се одржат консултации и разговори со експертската и стручната јавност, како и со медиумите. Како што веќе најавив вчера, целиот процес ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори.
Повикувам на одговорност од сите релевантни фактори во општеството, шпекулациите за важни државни и национални прашање не му одат никому во прилог.
Оттука, апелирам до сите политички актери и до медиумите да се потпираат на официјалните информации од институциите. Барам конструктивност и поддршка од сите фактори за да донесеме мудра одлука во интерес на сите граѓани“, се наведува во статусот на фејсбук-профилот на премиерот Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.