Македонија
Ковачевски не му помагал на Мијалков да застари предметот за прислушувањето, туку Кривичниот законик го усогласил со ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/thumbnail_18102023_PVRSM_Kovachevski-1.jpg)
Со усогласување со европското законодавство и денес премиерот Димитар Ковачевски ги оправдуваше измените на Кривичниот законик, кои, меѓу другите, вчера и официјално го ослободија од вина за масовното прислушување Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, со застарување на судскиот предмет „Таргет – Тврдина“. Премиерот не сакаше да ја коментира судската одлука за застарувањето, но повтори дека предложил измени на Кривичниот законик поради усогласување со европско законодавство.
„Целото решение за измени на Кривичниот законик беше направено заради усогласување со европското законодавство, а не заради одредени случаи што се наоѓаат во постапка 8, 9, 10 години. По таа теза, тоа би значело дека кај нас треба да се воведе незастарување на ништо и сите судски случаи да може да траат 50-60 години кога би биле решавани. Меѓутоа, праксата на земјите членки на ЕУ укажува на рокови што обезбедуваат судење во согласност со пракса, која нуди ефикасност за сите странки во процесот“, рече премиерот Ковачевски по денешната посета на компанијата „Вивакс“ заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир и вицепремиерот Бојан Маричиќ.
Ниту евроамбасадорот Гир не сакаше да ја коментира комплетната застареност на предметот за масовното прислушување, но и тој ја искористи можноста да потсети на веќе кажаниот став за измените на Кривичниот законик.
„Европската комисија беше многу јасна во врска со измените на Кривичниот законик. Изразија длабока загриженост во врска со импликациите од самиот принцип на неказнивост поради овие измени“, рече евроамбасадорот Гир.
Тој рече дека Европската комисија ги следи случувањата во судството, кои произлегуваат од примената на измените на Кривичниот законик и најави дека ќе излезат со нови оценки и коментари.
Предметот „Таргет – Тврдина“, кој се однесува на масовното прислушување, застари по пет години и девет месеци низ судските лавиринти. Во предметот беа обвинети вкупно 11 лица. Мијалков беше осуден на 12 години затвор, а по 15 години затвор добија избеганите контраразузнавачи од Петтата управа, Горан Грујовски и Никола Бошковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.