Македонија
Ковачевски- Санду: Евроинтегарцискиот процес е клучен за мирот и стабилноста на европскиот континент
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/21082023_PVRSM_KOVACEVSKI-SANDU_SREDBA-3.jpg)
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Атина оствари средба со Маја Санду, претседателка на Молдавија.
Премиерот Ковачевски и претседателката Санду, на средбата изразија задоволство од билатералната соработка, како и уверување дека поддршката ќе продолжи и во иднина, со цел постигнување на стратешките евроинтегративни цели на земјите.
Во таа насока, беше посочено дека Молдавија, по добивањето на кандидатскиот статус од ЕУ, во јуни минатата година, може да смета на помош од Северна Македонија во насока на споделување искуства и консултации, бидејќи нашата држава, има 100% усогласување со заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и преку 40% усогласување со европското законодавство.
Соговорниците разменија мислења за значењето на евроинтеграцискиот процес кој што е во функција на зацврстување на мирот, стабилноста на европскиот континент.
Во овој контекст, премиерот Ковачевски ја нагласи потребата од итно интегрирање на регионот на Западен Балкан во ЕУ и истакна дека конкретно Северна Македонија има поддршка од меѓународната заедница во текот на целиот процес.
Премиерот Ковачевски и претседателката Санду истакнаа дека интензивирањето на економската соработка меѓу Северна Македонија и Молдавија ќе придонесе за економски развој на двете земји.
Ковачевски во Атина е на покана на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, по повод одбележувањето на 20 години од одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Солун и „Декларацијата од Солун“.
Во владината делегација која ја предводи премиерот Ковачевски е и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.