Контакт

Македонија

Сега нема редење вести, затоа сме на 38 место по слобода на медиумите а бевме на 118 место, вели Ковачевски

Објавено пред

„Благодарение на тоа што никој денес не реди вести, благодарение на тоа што никој не праќа нарачани новинарски прашања, благодарение на тоа што секој новинар може да дојде слободно и да праша што сака на прес – конференција сме 38-мо место во светот по слобода на медиумите. Па споредете со 118-то место во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Само во времето на мојата Влада 19 места сме напреднати за 1 година. Па такво напредување ниедна држава нема“, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во македонското Собрание, во одговор на пратеничко прашање поставено од пратеникот Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ

dobivaj vesti na viber

„Како почитуван пратеник Стојановски вие ќе го ослободите судството? Па погледнете го извештајот на Прибе, заробена држава стои во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Кажете како ќе го ослободите и од кого вие ќе го ослободите судството. Кажете која демократија вие ќе ја враќате во државата кога државата сега по Фридом Хаус напредува благодарение на оваа Влада. Или ќе зборувате и за слобода на медиуми“. Според Извештајот на Репортери без граници во ваше време државата беше 118 место во Светот според слободата на медиумите. Цела држава слушаше како вести редите, која вест да била прва која втора. Па се потрошиле вестите, па во спортски вести да кажеш нешто за економија пошто нема место више во економски вести. ВМРО-ДПМНЕ ќе враќале демократија во државата, во судството и во медиумите, вели Ковачевски.

Како што додава, благодарение на тоа што никој денес не реди вести, благодарение на тоа што никој не праќа на новинари прашања, благодарение на тоа што секој новинар може да дојде слободно и да праша што сака на прес – конференција сме 38ми во свет.

„Па споредете со 118ти. Само во времето на мојата Влада 19 места сме напреднати за 1 година. Па такво напредување ниедна држава нема. И да знаете дека ќе бидеме уште подобри. Ниту јас ниту министрите ниту редиме вести, ниту пак бараме кога ќе се пополни со редењето да одат економски теми во спортска редакција. Па место да се збори за спорт да се збори за постигнувањата на Владата како правеле статуи во центарот на Скопје, е тоа беа вестите порано и вие тоа добро го знаете, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски“, завршува Ковачевски.

Македонија

Охридската гимназија жали за проблемот со матурантката: „Наша заложба е да помогнеме“

Објавено пред

На матурантката од Охрид ќе и биде дозволено да ги полага двата интерни испита во училиштето во јунската испитна сесија, а тоа што останува во августовската испитна сесија, велат од средното училиште Свети Климент Охридски од Охрид.

dobivaj vesti na viber

Макфакс“ претходно објави дека на ученичката Тијана Силјаноска денес не и’ било дозволено да го полага првиот екстерен испит од државната матура оти нејзиното име го немало на спиокот, а за проблемот нејзиниот татко информираше преку медиумите.

Од училиштето изразија жалење за проблемот и како што кажаа нивна заложба е да излезат во интерес на матурантката и родителите.

Додадоа дека списоците за верификација на податоците за државна матура биле доставени на увид кај учениците уште на почетокот на второто полугодие, а потоа доставени до ДИЦ.

И покрај напорите на училиштето да се реши ситуацијата, велат од гимназијата, сепак не се наиде на разбирање од страна на надлежните институции.

Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование, учениците полагаат 2 екстерни и 2 интерни предмети и подготвуваат проектна задача.

Прикажи повеќе...

Македонија

Матурантка не полагала државна матура оти ја немало на списокот, таткото на девојчето бара правда

Објавено пред

На матурантката Тијана Силјаноска од Охрид денес и’ било оневозможено да го полага првиот дел од државната матура.

dobivaj vesti na viber

Нејзиниот татко во изјава за медиумите кажа дека името на ќерка му го немало на списокот, па девојчето било вратено дома и е на седативи.

Родителот вели дека неговата ќерка сакала да се запише на факултет по физиотерапија во Словенија, но без матурата таа е спречена, а вината ја лоцира кај администрацијата и директорката во гимназијата кои направиле грешка.

Таткото повика на одговорност и кажа дека реагирале до сите надлежни инспекторати.

Министерот за образование Шаќири најави дека ќе го испита случајот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачки: Ахмети да одговори дали на работна група е разговарано за редефинирање на државата

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ бара од лидерот на ДУИ, Али Ахмети да одговори дали на работна група за уставните измени било разговарано за редефинирање на државата.

dobivaj vesti na viber

Пратеникот Драган Ковачки денес од Пехчево порача дека власта и должи објаснување на македонската јавност, дали „онаа експертска група т.н составена од 20-тина џабе лебојадачи преговараат односно договараат редефинирање на државата“.

Ковачки истакна дека одговор на тоа прашање не треба да го одговори Ковачевски, затоа што тој не е релевантен.

„Ковачевски не е способен да си ја поднесе самата оставка доколку не ги праша Џафери или Ахмети. Одговор на ова прашање треба да даде пратеникот Али Ахмети“, рече Ковачки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Матурантка не полагала државна матура оти ја немало на списокот, таткото на девојчето бара правда

На матурантката Тијана Силјаноска од Охрид денес и’ било оневозможено да го полага првиот дел од државната матура. Нејзиниот татко...

Топ11 часа

Tрагедија во Чаир: Градежник падна од висина и загина

Голема трагедија била пријавена синоќа во скопската населба Чаир. 41-годишен маж од Албанија, работејќи на изградба на објект паднал од...

Македонија12 часа

Законите за „Бехтел и Енка“ на тест кај Пендаровски

Собранието даде зелено светло, сега претседателот Стево Пендаровски ќе го каже својот став за законските решенија за реализација на договорот...

Македонија13 часа

Ковачевски најави лидерска, Мицкоски му одговори

Премиерот Димитар Ковачевски планира во наредните 10 дена да го покани на лидерска средба, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски....

Регион14 часа

Српскиот министер за одбрана избран за претседател на партијата на местото на Вучиќ

На седницата на вонредното собрание на партијата во Крагуевац за претседател на Српската напредна партија е избран актуелниот министер за...

Македонија15 часа

Мемет почина како невидлив за системот, правници алармираат итно да се олесни вадењето лична карта за ранливите групи

Младиот Мемет Камбер, продавач на „Лице в лице“, кој почина на 19 години без лична карта, а неговата прва посета...

Топ16 часа

Автомобил прегази пешак на улица во Скопје

Педесетгодишен скопјанец е прегазен синоќа од автомобил на улицата Ацо Шопов. „Патничко моторно возило “фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано...

Регион19 часа

Објавени детали од сослушувањето на мајката на Коста – што правел во деновите пред злосторството и какви односи имал со другите

Мајката на момчето кое уби деветмина негови врсници и чуварот на Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Србија во средата беше...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски нека си испечати уште една оставка како таа што му ја искинал Џафери

Штом Ковачевски и Владата велат дека имаат мнозинство за уставни измени, ги повикуваме час поскоро до Собранието да ја поднесат...

Регион20 часа

Koj ќе го наследи Вучиќ? СНС добива нов лидер

Српската напредна партија денеска во 12 часот во Крагуевац одржува партиско собрание на кое ќе изберат нов претседател и раководство....

Македонија21 час

Матурантите денес полагаат мајчин јазик, пријавени се 15.620 ученици

Денес се реализира првиот екстерен предмет од државната матура – мајчиниот јазик. Оваа учебна година за државната матура се пријавиле...

Регион1 ден

Вучиќ за состојбата на Косово: Се плашам дека не чекаат многу лоши работи, знам со кого си имаме работа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека се плаши дека ги чекаат многу лоши работи на Косово бидејќи знае со...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Пораката од САД и од членките на НАТО и ЕУ е јасна, сите партии да го поддржат европскиот пат на државата

„Пораката од нашиот стратешки партнер САД е многу јасна и од заменик-помошникот државен секретар на САД, Ескобар, меѓутоа исто така...

Регион2 дена

(Видео) Десеттина повредени во Звечан во судирот со косовската полиција

Десетина лица се повредени во судирот меѓу вооружената косовска специјална полиција и насобраните граѓани во Звечан, каде што од утринава...

Македонија2 дена

Европското знаменце заврши работа: Собранието ги изгласа измените на законите за „Бехтел и Енка“

И покрај предупредувањата за злоупотреба на европското знаменце, попладнево Собранието ги изгласа измените на петте закони кои треба да ја...

Регион2 дена

(Видео) Нови тензии во Косово: Запален полициски автомобил, судир со полицијата и прекината настава

Напнатата ситуација во српските општини Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ на северот од Косово која се создаде откако специјалните сили...

Македонија2 дена

Сенаторот Марфи уставните измени ги нарече технички и укажа дека со неусвојување ќе го загрижиме НАТО

Американскиот сенатор Крис Марфи ги нарече технички уставните измени кои треба да се донесат за членство во Европската Унија. Тој...

Македонија2 дена

„Драга Снежана, јас не сум претседател на Украина“: пратеничката на СДСМ му го згреши името и функцијата на спикерот на украинскиот парламент

Пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калеска на Фејсбук објави фотографија со спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук, но напиша дека...

Македонија2 дена

(Видео) Во ДУИ командант е Ахмети, ќе заврши кариерата на „Огнените“ – Ангелов за изјавите на Меџити

Појаснувајќи ја иницијативата на партијата Достоинство за обештетување на семејствата на загинатите бранители и воени инвалиди од конфликтот во 2001...

Македонија2 дена

(Видео) Историчарот Светозаревиќ до Бугарите: Вие зборувате македонски јазик со додадени руски зборови

Историчарот Бранислав Светозаревиќ вчера во Пустец одговарајќи на прашања на бугарските новинари им кажа дека во 21-от век тие не...