Македонија
Ковачевски: Ќе направам граѓаните да имаат стандард како во Југославија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/05052023_PVSRM_UN-1.jpeg)
Премиерот Димитар Ковачевски најави стандард каков што имало во СФРЈ.
„Ние во Југославија имавме подобар стандард од сите земји од источна Европа кои станаа членки на Европската унија и јас ќе ги донесам сите потребни одлуки нашите граѓани пак да имаат подобар стандард од нив“, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, зборувајќи за американските инвестиции во Македонија.
Ковачевски, нагласи и дека Владата ги заштитила од поскапувања граѓаните, институциите во образованието и здравството, компаниите – што е спротивно на сите шпекулации и обиди за загрижување на граѓаните дека ќе има рестрикции и поскапи струја и парно.
„Цената на електричната енергија не се зголеми. За првата и втората група корисници остана иста, за оние кои домаќински трошат електрична енергија. Се зголеми за оние кои имаат базени по дома коишто ги греат во зима. За компаниите на регулираниот пазар, 72.000 компании – цената на електрична енергија се намали за 20 проценти. Обезбедивме електрична енергија за сите здравствени домови. Знаете ли колку време не беа платени сметките за струја по тие здравствени домови?! Сè беше покриено што не беше платено. Обезбедивме електрична енергија за сите образовни институции. Владата го презеде управувањето со парното – дали се зголеми цената на парното, не се зголеми, имаше рестрикции на парно, немаше рестрикции на парно“, посочи премиерот Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.