Македонија
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на актерите од струмичкиот театар и иницијативата „Фис-култура или култура“
И по 4-годишната агонија со некомпетентни министри за култура, се појави мала надеж дека актуелната министерка Стефоска можеби ќе внесе малку свежина и цврста рака во секторот култура, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Но, надежта набргу згасна. Доцнењето на плати, агонијата со колективниот договор и неговото лошо спроведување, неизвесност во културните институции за време на пандемијата, скандалите со УНЕСКО, фалсификатите, но и поставувањето партиски фискултурни директори само потврдија дека работата оди на полошо и дека конечно мора да се слушне силниот глас на огромниот број уметници и здрженија од културата кои јасно кажуваат: Е доста е!
Како Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваме протестот на актерите од струмичкиот театар и иницијативата „Фис-култура или култура“ и апелираме до сите културни работници да се огласат и за сите други вакви незаконитости во останатите институции“, велат од партијата.
Оттаму потсетуваат на скандалозниот предлог-закон за остварување на јавниот интерес во културата кој е во собраниска процедура, во кој, како што додаваат, јасно стои намерата дека сите овие скандали се само најава за она што следува понатаму.
„Со овој предлог-закон само ќе се даде легитимитет на криминалните политики на СДСМ во културата. Културата во Македонија мора да ја водат единствено работниците од културата!“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата, велат од СДСМ
Криминалната власт почна со репресијата врз функционерите на СДСМ со нарачни судски пресуди, велат од СДСМ.
„Како што најавивме, ги поставија своите судии и обвинители и тргнаа.
Нема повеќе независно судство ниту независно обвинителство. Сѐ ставија во своите канџи.
По носењето Декрет и забраната за слобода на говор со предавничката Резолуција гледаме нарачани судски пресуди и законски казни за функционерите на СДСМ, како што денеска е осуден поранешен директор на затворот Филип Андонов и член на Извршниот одбор на партијата.
ВМРО-ЗНАМ ја активираа последната фаза од својата кампања – фазата на репресија и политички прогон“.
На објавените скандали, пријави за криминал и корупција од СДСМ, како што посочуваат од оваа партија, никој не реагира.
„А сега лесно и брзо носат пресуди, затоа што така им е наредено.
Додека вистинските криминалци од власта на ВМРО и ЗНАМ се богатат преку криминални тендери, се обидуваат да ја запрат нашата борба со нарачани судски пресуди и политички прогон.
Нема да ја запрат нашата борба.
Нема да нѐ запрат ниту тие, ниту оние што одвнатре ја подриваат партијата.
Никој! Сите ќе одговарате!
Работата не е завршена“.
Македонија
Утре сончево време, утрински температури до -10 степени
Времето утре ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.
Македонија
УЈП најави привремен прекин на електронските услуги од 16 часот
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека денеска, 30.12.2025 година, со почеток од 16:00 часот, ќе има привремен прекин во функционирањето на електронските услуги кои Управата (УЈП) ги нуди кон даночните обврзници.
Се очекува прекинот да трае до доцните попладневни часови, по што услугите повторно ќе бидат достапни.
Управата за јавни приходи ги замолува даночните обврзници за разбирање.

