Македонија
Костовски: До 30 отсто повисоки сметки за струја, власта повторно удри по стандардот на граѓаните
Власта на Мицкоски и на ДПМНЕ ги укина субвенциите на цената на струјата за домаќинствата со што изврши уште еден удар врз џебот и стандардот на народот. Голем број граѓани се жалат за огромните сметки за стуја коишто им се пристигнати за месец јануари и кои се значително поголеми од минатите месеци, вели Мартин Костовски, секретар на СДСМ.
„Сумите некаде се толку високи што луѓето бараат начин како да ги подмират. Други, пак, бараат коригирање на сметките. Граѓаните реагираат дека јануарските сметки за струја им се покачени за 20% а некаде дури и за 30%. Граѓани од Прилеп, Велес, Куманово, ни доставија сметките до нас платиле неверојатни 8.000 денари за струја во месец јануари или 2.000 денари повеќе од минатиот месец“, посочува Костовски и додава:
„Тоа се точно 30% повеќе пари, поголеми сметки. На енормно високите цени на струја се жалат и компаниите. Ова е директна последица на одлуката на Владата на Мицкоски за укинатите субвенциите за струја. Власта удира по стандардот на народот, скапотија е на сите страни. Во време на ковид и енергетска криза кога СДСМ беше власт, граѓаните, училишта, претпријатијата болниците, сите добија евтина струја и во ниту еден момент немаше рестрикци. Дополнително ја вративме и евтината тарифа на струјата. Сега ДПМНЕ укина буквално се и не само што покажа неспособност туку и тотална негрижа за граѓаните. Неспособноста ја плаќа народот, од свој џеб. Граѓаните не можат да врзат крај со крај, покачени сметки за храна, покачени сметки за струја, покачени сметки за парно. Бараме власта веднаш да воведе субвенции за домаќинствата и да им се намалат сметките за струја на граѓаните. СДСМ стои на располагање и има решенија за намалување на цените, едно од нив е интервенција во висината на ДДВ за парно и струја. Прашање е само дали неспособната власт ќе ги прифати“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Непречен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Времето денес облачно со повремени врнежи од дожд и засилен ветер
Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).

