Контакт

Македонија

Кој ќе биде амнестиран со можните измени на Кривичниот законик?

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ не преговара за амнестија, туку бара подобри законски решенија, вака опозициската партија реагира на објавите дека се обидуваат да издејствуваат индиректна амнестија за ексфункционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Апсолутно е неточно дека ВМРО-ДПМНЕ бара и преговара некаква амнестија. ВМРО-ДПМНЕ единствено за што се залага е подобрување на законските решенија и применување на европските пракси, како и обезбедување механизми за заштита на изразената волја на граѓаните, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Неофицијално, опозициската партија побарала измени на Кривичниот законик, со кои ќе се редефинира кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, како и намалување на висината на предвидените санкции, со што би се скратил и рокот во кој застаруваат делата извршени по овој основ. Овие прашања се регулирани во членот 353 од Кривичниот законик врз кој се засновани повеќето од обвиненијата на СЈО против ексфункционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ не прецизираа дали на преговарачаката маса заедно со барањата за измени на Законот за финансирањето на партиите и за техничка влада доставиле и предлог-измени на Кривичниот законик.

По завршувањето на лидерската средба, вчера премиерот Зоран Заев потенцира дека нема да има компромис за амнестија ниту директна ниту индиректна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, на прашање дали амнестијата е услов за нив, тој рече дека не се разговара на таа тема и дека Заев се обидел да ја манипулира јавноста.

Македонија

Градоначалникот на Бутел во самоизолација по средба со заразената директорка на УЈП

Објавено пред

радоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски од вчера е во самоизолација, поради средбата со директорката на УЈП Сања Лукаревска која е позитивна на Ковид-19.

„После вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид -19 на Сања Лукаревска, а поради средбата која ја имав со неа минатата недела, од вчера, а во интерес на граѓаните, самоиницијативно сум во самоизолација, и покрај тоа што при нашата средба целосно ги почитувавме мерките за заштита и обајцата“, напиша на својот фејсбук профил Смилевски.

Тој додава дека денеска го направил тестот за Ковид-19 и резултатот го очекува во текот на утрешниот ден.

„Во моментов немам никакви симтоми и се чуствувам добро. И посакувам на мојата пријателка Сања Лукаревска и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација брзо оздравување и добро здравје. Апелирам да не го потценувате вирусот да бидете максимално внимателни и да ги почитувате мерките за заштита“, пишува градоначалникот Смилевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Низ македонските болници во употреба ќе бидат ставени 20 респиратори, донација од Норвешка

Објавено пред

Вицепремерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален координатор на странска помош во земјава, ги предаде во употреба респираторите кои како донација ги обезбеди Кралството Норвешка.

Османи појасни дека се работи за 20 респираторни машини, кои се реализирани преку претставништвото на УНОПС во земјава, а се по потекло од Турција.

Десет од донираните 20 респиратори ќе бидат ставени на располагање на ГОБ „8 Септември“ во Скопје, а останатите 10 ќе бидат распределени по здравствените установи во земјава, односно во Клиничките болници во Тетово, Битола и Штип, каде ќе се испратат по две респираторни машини и по еден апарат во Општите болници во Струга, Охрид, Прилеп и Струмица.

Вицепремиерот нагласи дека оваа опрема дури и кога целосно ќе мине заканата од Ковид-19, во значаен дел ќе го подобри здравствениот систем и потенцијалот на здравството за справување со тековните предизвици.

Прикажи повеќе...

Македонија

Чулев: Владата спречува пополнување на работни места и нормално функционирање на МВР

Објавено пред

Владата од една страна секојдневно ме обвинува дека сум виновен за нејзините неуспеси поврзани со ширење на коронавирусот, а од друга страна и во ваква состојба Оливер Спасовски и неговите послушници во МВР не успеваат да се издигнат над партиските интереси, вели техничкиот министер Наќе Чулев, кој на „Фејсбук“ напиша дека во услови на пандемија и прогласена вонредна состојба, МВР со владин заклучок се обврзува да ги стопира огласите со кои се пополнуваат дел од испразнетите работни места.

Според Чулев, ова покажува дека за власта политиката и партиските интереси повторно се поважни од здравјето и животот на граѓаните.

„ДКСК и Управниот суд донесоа одлука и пресуда со која се поништи одлуката на Владата за поништување на решенија за распоредување донесени од моја страна и ја потврдија законитоста на моето постапување, но Владата и понатаму продолжува спротивно на законот да се меша во работењето на Министерството за внатрешни работи и да го опструира нормалното функционирање“, нагласува Чулев.

Според него, ваквата постапка на Владата претставува грубо мешање во работата на Министерството за внатрешни работи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија2 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија3 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија4 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија5 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија5 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион6 часа

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија6 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија7 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија7 часа

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија8 часа

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија9 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија9 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет9 часа

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет9 часа

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет20 часа

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија22 часа

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија1 ден

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт1 ден

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија1 ден

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Досие