Македонија
Ласовска: Дали власта планира да направи скрининг на сите наставници?

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја споделува загриженоста со целокупната јавност затоа што денес, како што и самите знаете, предлог-законите за основно и средно образование ги имаме на дневен ред по скратена постапка, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.
„Гласавме на пленарната седница за донесување на потребата од овие закони од причини што навистина веќе е крајно време училиштата да почнат со работа, но, еве, накратко да ги споменам забелешките од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои што детаљно ќе ги образложиме на Комисијата за образование и наука и на пленарната седница.
Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година, во кој е предвидено далечинско учење, е донесен пред донесувањето на законите, што е крајно несфатливо и несериозно.
Училиштата во голем број средини се без интернет и компјутери. За таа цел треба да се зголемат средствата за образование во општините. Дали се зголемени?
Личниот и образовен асистент би требало да ги посетуваат физички учениците со посебни потреби барем еднаш неделно за да се одржи континуитет и социјализација на учениците. За нив не се предвидени средства, ги плаќа UNDP, скромно. Како ќе ги обезбедат потребните средства?
Зошто нема изработено скратена програма од Бирото за развој на образование и доставена до училиштата иако учебната година е скратена за еден месец?
До каде е платформата, која од наши сознанија ја прави ФИНКИ, како е платена или ќе се плати? Колку време ќе им треба на наставниците и децата да се обучат?
Како наставниците ќе ги обучуваат децата за заштита од Ковид-19 кога за тое не се обучени ни тие самите?
И, можеби едно од најглавните прашања е, дали оваа власт планира да направи скрининг на сите наставници, како што не направи на воспитувачите и негувателките, а ги отвори градинките.
Значи, има голем број отворени прашања, нејасни прашања, за кои Владата не дава одговори, а денес, како што и сами гледате на седницата, се доставени предлог-законите за основно и средно образование“, истакна Ласовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.