Македонија
Лашкоска: Образованието и науката се исклучително важни во справувањето со загадувањето на воздухот
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска го отвори панелот на тема „Квалитет на воздухот во градовите на Западен Балкан: извори, влијание на здравјето и трошоци, што вчера вечер се одржа во рамки на Министерската конференција за образование и обука, истражување и иновации и култура за Западен Балкан 2024.
Нагласувајќи дека квалитетот на воздухот е предизвик со кој со години се соочуваме, таа истакна дека ресорното Министерство и Владата се одлучни во неговото решавање, а во контекст на поврзаноста на образованието и донесувањето правилни решенија, таа рече:
„Особено важно е вклучувањето на образовните и научните институции, професионалците, експертите и научните работници, бидејќи за државата да носи добри политики и решенија мора да се потпира на научно потврдени податоци. И уште понатаму, важна е и размената на прекуграничните искуства, бидејќи воздухот е заеднички за сите и не познава граници“.
На панелот беа презентирани и две студии на случај за Западен Балкан. Господин Клаудио Белис од Заедничкиот истражувачки центар на Европската Комисија ја презентираше студијата на случај: „Проценка на влинјанието на здравјето и трошоци што се припишуваат на загадувањето на воздухот во ударните области со употреба на два пристапа, а проф. д-р Дејан Мираковски од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, студијата: „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“. Конференцијата ја организира Министерството за образование и наука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на министерот Тошковски со државниот секретар за внатрешни работи при Владата на Обединетото Кралство, Симон Ридли
На средбата беше истакната досегашната соработка помеѓу двете страни во борбата против сите видови криминал, посебно против илегалната миграција и транснационалниот организиран криминал, а посебен акцент беше ставен на капацитетите и заедничкиот одговор против криминалот кој не познава граници.
На средбата министерот и државниот секретар потпишаа изјава за соработка на двете министерства во борбата против организираниот криминал, со која се потврдува важноста на билатералните односи и заедничкиот интерес за блиска соработка во борбата против сериозен организиран криминал, со цел заштита на граѓаните на двете земји.
Двете страни ги анализираа и очекувањата и предвидувањата за тековите на илегалната миграција во блиска иднина со нагласок дека граничната безбедност треба да биде заеднички приоритет.
Македонија
Паднaa Фејсбук, Инстаграм, Whatsapp
Попладнево паднаа сите мрежи на компанијата Мета.
Се работи за социјалните мрежи Facebook, Messenger, Instagram, Threads, како и Whatsapp.
Корисниците на мрежите од целиот свет јавуваат проблеми.
За корисниците на Инстаграм, најтешко погодените области низ Соединетите Држави во моментов се Чикаго и Њујорк, според топлинската мапа на жалби и извештаи поднесени од корисниците, составена од страната.
Повеќе од 82.000 корисници на Фејсбук исто така се жалат на прекини, при што се пријавени проблеми низ поголемиот дел од источниот и пацифичкиот брег.
Македонија
Град Скопје до Трајко Славески: Од твоето елеметарно непознавање на законите, трајна штета им правиш на градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ
Од одделението за односи со јавност на Град Скопје до јавноста е доставена реакција на изјавата на претстедателот на Советот на Град Сопје, Трајко Славески во однос на роковите за поднесување на предлогот за градскиот буџет во наредната 2025 година.
„Кулминација на незнаењето на Трајко Славески. Господине Трајко, сакајќи кај твојот шеф Мицкоски да се оправдаш за штетата која ја правиш од твоето елеметарно непознавање на законите кои го тангираат градот и општините, не само себеси што се ставаш во незгодна ситуација, туку и трајна штета им правиш на градоначалниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ, кои иако имаат буџетски календар изгласан од Совет, немаат предлог буџет доставено, а рокот им бил до вчера.
Ќе побараш ли од нив одговорност Трајко?
Или да почекаме што стратегија ќе направите да се извадите и од овие глупости во кои сами се вовлековте од незнаење, со единствена цел да наштетите некому а преку тоа на цел град, за ситни политички поени“, се вели во реакцијата на одделението за односи со јавност на Град Скопје.
Но претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески смета дека за псевдонимот „Град Скопје“ се „крие“ градоначалничката Данела Арсовска и за тоа реагира со објава на мрежата Х, во која наведува дека тоа е „кулминација на манипулациите и ароганцијата на Арсовска“.