Македонија
ЛДП ќе предложи декриминализација на употребата на канабис
Либерално демократската партија преку пратениците во сообранието ќе достави предлог до новата влада за носење ново законско решение за легализација на канабисот за медицинска употреба и декриминализација за лична употреба.
Предлог-законот ќе биде усогласен со потребите на сите засегнати страни и во соработка со граѓанскиот сектор.
Зголемената понуда на масло од канабис на црниот пазар е доволен факт дека актуелното законско решение се покажа како неуспешно, сметаат од ЛДП.
Маслото од канабис мора да биде достапно до сите оние граѓани на кои навистина им е потребно, исто како што и канабисот за рекреативна употреба мора да биде декриминализиран./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
