Македонија
Левицата поднесе интерпелација за работата на Гаши
Пратеничката група на Левица во Парламентот поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието Африм Гаши поради тоа што „воведува непринципиелни политики во Собранието“, изјави на прес-конференција лидерот Димитар Апасиев.
Во образложението, се наведуваат седум причини, а првите две точки се однесуваат на повреда на секуларноста на државата со групната молитва во Собранието што ја направил Гаши и повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП-личности со инцидентот на Скопскиот аеродром пред пет дена во кој учествуваше шефот на обезбедувањето на Гаши.
Основи на барањето Гаши да се отповика од функцијата, според Левица, се и повреда на употребата на македонскиот јазик затоа што Гаши, според Апасиев, „свесно го истиснува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и воведува илегална двојазичност дури и за пратениците кои се Македонци“, потоа повреда на правилата за употреба на државните инсигнии со тоа што во пленарната сала, спротивно на законот „нелегално стојат уште две други знамиња т.е. знамето на НАТО и знамето на ЕУ каде што ние се уште не сме членки“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.