Македонија
Лога: Тврдам дека ниту еден функционер нема да биде опфатен со амнестијата , ќе купам и огледало, за секој пратеник да се гледа пред да гласа за овој закон

Законот за амнестија ја доби поддршката во владина постапка и за десет дена истиот закон ќе биде пред пратениците во Собрание, информираат од Министерството за правда.
Тврдам дека ниту еден избран или именуван од страна на институциите нема да биде опфатен со амнестијата, исто така ниту семејното насилство и предмети врзани со семејно насилство нема да бидат дел од амнестијата. Значи се повторува законот од 2018 година, кога предлагач беа сите политички партии, со тоа што беше и ВМРО-ДПМНЕ, и СДСМ, ДУИ, Алијанса и сите други политички партии кои се дел од Собранието, изјави министерот за правда Кренар Лога.
Oчекува поддршка од сите пратеници и политички партии, бидејќи, како што рече, ова не е за секојдневната политичка агенда туку, произлегува од неговата посета на затворот Идризово.
,, Видовте и сами дека државата не е на ниво, на тоа што го бара законот и на тие стандарди кои се дел од нашиот систем. Очекувам поддршка и освен албум со слики од мојата посета, ќе купам и огледало, за секој пратеник да се гледа пред да гласа за овој закон. Јас носам одговорност за условите за овие шест месеци, сите други треба да сносат одговорност од 1945, а особено од 1991 година” рече Лога.
Ако државата нема можност да ги рехабилитира лицата со помали тешки дела, тогаш, посочи Лога, тие ќе треба да се вратат дома како насилници или како криминалци.
,, Не очекувам дека ќе биде блокиран, бидејќи тогаш ВМРО-ДПМНЕ и другите партии ќе треба да се демантираат самите себеси од 2018 година. Законот е ист, не се додавани, туку се изземени кривични дела”, посочи Лога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку заклучоци

Извршниот одбор на СДСМ го потврди предлогот на Ковачевски и кандидат за претседател на Собранието го избра Јован митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ.
„Митревски е пратеник со искуство, вреден, отворен, чесен и посветен на интересот на граѓаните, докажан во неговиот ангажман во Собранието. Сигурни сме дека Митревски ќе ја извршува функцијата на највисоко ниво“, рече портпаролот на СДСМ Дарко Каевски.
ИО го задолжи генералниот секретар да го подготви роковникот за постапка, начин и критериуми за кандидат за претседател на претседателските избори, согласно статутот на партијата.
За шеф на централниот изборен штаб на СДСМ, извршниот одбор го предложи Миле Зечевиќ Вардарски.
Македонија
Османи во посета на Женева

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе учествува на настанот на високо ниво за Одбележување на седумдесет и пет години од Универзалната декларација за човекови права, организиран од Обединетите Нации во Женева.
Преку неговото обраќање, Османи ќе ги презентира заложбите на Северна Македонија во овој важен домен.
За време на престојот во Женева, Османи ќе оствари низа билатерални средби со високиот комесар за човекови права Волкер Турк и високиот комесар за бегалци Филипо Гранди, како и генералните директори на светската здравствена организација и меѓународната организација за миграции Тедрос Аданом и Ејми Поуп, соопштија од МНР.
Македонија
Ковачевски: Кандидатот за претседател на државата ќе биде од СДСМ, а не од ДУИ

Ковачевски пристигна во штабот на СДСМ каде во 19 часот ќе се одржи состанок на извршниот одбор и рече дека денеска ќе биде потврдена неговата одлука – координаторот на пратеничката група, Митревски, да седне во фотелјата на Талат Џафери. На прашањето дали би поддржал претседател Албанец од ДУИ, како што вчера најави Османи, премиерот рече дека нема никаква дилема оти кандиндатот за претседател ќе биде од СДСМ.
„Сите политички партии имаат свои амбиции, меѓутоа претседателскиот кандидат ќе биде од СДСМ, како што беше на минатите избори и ќе ја има најшироката поддршка од политичките партии и граѓанските организации, поединци итн. Тоа ќе биде претседалот на државата и во следниот мандат“ , рече премиерот.
Во врска со дилемите околу тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи свои членови во техничката влада, Ковачевски верува дека опозицијата ќе го стори тоа бидејќи така се договорила на лидерската средба.