Македонија
Лога: Преамбулата е приоритет во делот на вметнување на помалите заедници во државата

Министерот за правда Кренар Лога одржа брифинг со новинарите на кој се разговараше за сите актуелни теми и процесите низ кои се очекува да помине земјава следниот период. Меѓу главните теми за кои медиумите изразија поголем интерес беа уставните измени и дијалогот со опозицијата за оваа тема и другите работни групи кои треба да се формират за реформи.
Измена на преамбулата за внесување на Бугарите и други заедници во Уставот, надминување на вакумот при оставка и избор на нов министер , вакумот веќе распуштено Собрание да може да заседава за битни прашања, замена на формулацијата „20 отсто“ со формулацијата „албански јазик“, министерот за правда по функција да не биде член на Судскиот совет, се само некои од предлозите кои министерот за правда Кренар Лога смета дека во пакет треба да бидат донесени со отворањето на Уставот.
„Јас сум во комуникација со сите чинители во државата, со премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на државата Стево Пендаровски и со други истакната личности и верувам дека работната група многу брзо, за денови или недели ќе биде составена. Се размислува не само во делот на преамбулата Уставот да претрпи измени, туку да се реши прашањето со вакумот кој се случи за потпишувањето на еврообврзницата со оставката на министерот и изборот на нов министер, во делот каде министерот за правда по функција е дел од Судскиот совет, во делот што беше проблематичен во пандемијата кога Собранието не можеше да заседава бидејќи беше распуштено, за промена на формулацијата „20 отсто“ со формулацијата „албански јазик“. Како и да е, за сите овие прашања треба да имаме консензус, а за нас приоритет останува измена на преамбулата во делот на вклучување на помалите заедници“, рече Лога.
Министерот Лога верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе делегира свој претставник во работната група за новиот Изборен законик, бидејки како што истакна, има теми за кои партиите имаат концензус и мора да се решават како што се забелешките на ОБСЕ и ОДИХР.
– Очекувам опозицијата да е дел од работната група, не само за уставните измени, туку и за Изборниот законик и сите други работни групи врзани со реформи, не само за правосудниот систем, туку и за други области. Верувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се надмине себеси и ќе биде дел од ова, за да не бидеме повторно десет години во изолација. Првата недела од мојата работа пратив писмо до ВМРО-ДПМНЕ да предложат свој член на работната група, потоа уште едно и до Мицковски, каде кажав дека го отстапувам и местото претседател на комисијата. Нема да чекаме бескрајно, до крајот на оваа недела ќе почекаме, изјави Лога, на денешниот брифинг со медиумите во Министерството за правда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).