Контакт

Македонија

Македонско друштво „Илинден“: УКИМ да не ги поткопува изучувањето на македонскиот јазик на Универзитетот во Тирана

Објавено пред

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана ги повика институциите да ги штитат националните и државните интереси, апелирајќи УКИМ да не ги поткопува изучувањето на македонскиот јазик и развојот на македонистиката на Универзитетот во Тирана.

dobivaj vesti na viber

Нивниот став го пренесуваме во целост:

„Од формирањето на нашето Друштво во 2009 година, ние, Македонците од Албанија водиме борба за статусот на македонскиот јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана. По 14 години залагања и барања, оваа година, за првпат во историјата се доби работно место за лектор по македонски јазик на Универзитетот во Тирана и прашањето за македонистиката во Албанија стана официјален македонски државен приоритет. Низ годините се обраќавме до многу македонски институции, на највиско ниво, но конкретен резултат немаше. Успехот се постигна откако на крајот на минатата година, со иницијатива за реактивирање на Лекторатот по македонски јазик, за првпат се обративме до Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. И тоа се постигна само за неколку месеци, благодарение на секојдневните големи залагања на тогашната директорка на Семинарот, проф. Весна Мојсова-Чепишевска и на тогашниот тим на Семинарот, со поддршка од тогашниот ректор на УКИМ, проф. Никола Јанкуловски и со волјата на надлежните државни институции. Денес, истиот УКИМ, но воден од новата ректорка, проф. Биљана Ангелова и Семинарот воден од новата директорка, проф. Кристина Николовска, со она што го прават можат да го поткопаат изучувањето на македонскиот јазик и развојот на македонистиката во Тирана, и притоа воопшто не одговараат на нашите досегашни молби, барања и укажувања, иако станува збор за прашање што е од државен интерес.

Ова ни се случува во период кога и ние, македонското малцинство во Албанија и нашата матична македонска држава, овде се соочуваме и со засилени обиди за антимакедонски влијанија и пропаганди од субјекти од трети страни. За жал, сегашното постапување на УКИМ и Семинарот може да се искористи во прилог на таквите влијанија и пропаганди, спротивно и на македонските национални интереси и ние мораме да алармираме.

Откако без некакво образложение, по назначувањето на Кристина Николовска за директорка, УКИМ и Семинарот во целост ја прекинаа комуникацијата и соработката со нас коишто ја покренавме иницијативата и битката за Лекторатот ја водиме со години, шансата за првпат во историјата да се распише конкурс за лектор по македонски јазик во Тирана, тие не ја искористија за да се избере македонистички кадар што ќе може да ја развива македонистиката во Албанија. Се очекуваше да се внимава каков кадар ќе се избере поради вжноста на овој Лекторат. Но, УКИМ за лектор во Тирана има избрано лице што нема ни студирано македонски јазик или македонска литература и што досега нема држено настава по македонски јазик. За такво лице, воопшто не знаеме дали ќе може да ја работи работата во Лекторатот. Со тоа се доведува во прашање функционирањето на Лекторатот што очекувавме да прерасне и во Катедра за македонски јазик во Тирана. По 14 години борба, откако се случи историски успех, ние, Македонците од Албанија, нема да дозволиме поткопување на постигнатото за македонскиот јазик и за развојот на македонистиката во Тирана, зад кое како приоритет, сега стои и македонската држава! Затоа, реагираме и денес, кога се чествува делото на големиот Блаже Конески и пред големиот празник Свети Климент, затоа што мора да се заштити нешто што веќе е и официјален македонски државен интерес, а се однесува на нашиот македонски јазик.

Нашите барања за државно ангажирање за македонскиот јазик на Универзитетот во Тирана почнаа уште пред десетина години, со наши обраќања до поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Тогаш се настојуваше да се постигне резултат. Но се случи Лекторатот што работеше кратко време, во меѓувреме да се затвори, бидејќи УКИМ, тогаш не се заложи да се добие работно место т.е. конкурс за лектор по македонски јазик во Тирана. Во годините наназад, нашето барање за ангажирање на државата беше покренато официјално и пред Министерството за надворешни работи, во 2017 година, на состанок со Виктор Димовски кој тогаш беше државен секретар во МНР, како и пред Минитерството за образование и наука, во 2018 година, на состанок со тогашната министерка, Рената Дескоска. И тогаш со идеја за Лекторат што ќе стане и Катедра, затоа што во Албанија има интерес за македонскиот јазик. Објективно, ангажирањето на македонската држава се забрза пред точно една година, кога на 5 декември 2022 година одржавме состанок и со претходната директорка на Семинарот, по што конечно се направија сите потребни чекори за повторно отворање на Лекторатот, до распишување конкурс за избор на лектор. За сето ова постои обемна документација што покажува дека прашањето за македонистиката во Тирана било и е наш приоритет со години. Затоа и денес, повторно реагираме. Затоа што од огромна важност за нас, како второ по бројност малцинство во Албанија и за нашата матична македонска држава е овој Лекторат успешно да работи и еден ден да се оствари и идејата за Катедра за македонски јазик во Тирана.

До пред неколку месеци и бевме убедени дека ќе биде така. Затоа што уште во мај оваа година, на состанокот во Тирана меѓу раководството на Факултетот за странски јазици, тогашната директорка на Семинарот при УКИМ, Весна Мојсова-Чепишевска и македонскиот амбасадор, Данчо Марковски, како што официјално извести македонската амбасада, успешно беше договорено согласно со развојот на интересот да се зголемува програмата по македонистика со вклучување на македонски јазик и култура. За тоа беше известен и ректорот на Универзитетот во Тирана. А тоа најверојатно ќе беше и чекор понатаму кон Катедра во иднина. Но, денес, стравуваме дека тоа нема да се случи поради ваквиот однос и ваквото постапување од УКИМ и Семинарот со новото раководство. Стравуваме дека тоа може да доведе дури и до повторно затворање на Лекторатот, а не до развивање на студиите по македонски јазик. Без соодветен македонистички кадар овозможен од нашата матична држава, според строгите критериуми на Универзитетот во Тирана, убедени сме дека за жал не може ни да се размислува за позначајно развивање на студиите, а не пак за Катедра. Веруваме дека нашата матична македонска држава тоа нема да го дозволи. И затоа отворено нагласуваме – нашата реакција не е за да се проблематизира, туку за Лекторатот да постои и да се развива, а ние и сега и секогаш понатаму ќе сториме сè што можеме да биде така.

Уште еднаш мораме да нагласиме дека ние бевме и сме подготвени со сите наши сили да придонесеме Лекторатот по македонски јазик да се популаризира и да има што повеќе студенти. Но, откако од за нас непознати причини, Семинарот има нова директорка, Кристина Николовска, тоа не можеме да го направиме, затоа што од тој момент и Семинарот, и УКИМ немаат соработка и комуникација со нас, иако за успешно остварување на вакви иницијативи во Албанија, нужно е да се има тесна соработка со своето малцинство. И ректорката, проф. Биљана Ангелова не одговори на нашето барање за средба. Иако, претходно, уште на средината на септември, официјално, со допис од претстедателот на Друштвото ја информиравме: „Ние како Друштво сме подготвени да помогнеме и со кампањи, настапи и поддршка во активностите со кои студентите ќе се информираат дека Лекторатот запонува со работа и дека можат да студираат/учат македонски јазик. Но за тоа е неопходно да знаеме дека наставата веќе ќе може да почне. Според дописот што го добивме од Факултетот за странски јазици, натамошните активности зависат најмногу од УКИМ и затоа Ве замолувам да не ја пропуштиме оваа шанса.“ За жал, по начинот на кој УКИМ и Семинарот со новото раководство ги спроведуваат активностите во врска со Лекторатот, во отсуство на каква и да е видлива активност за развој на македонистиката во странство и посебно важно со ваков избор на лектор за кој дознаваме само преку фотографии на социјалните мрежи, стравуваме дека шансата може да се пропушти, и покрај нашата силна желба и решеност. УКИМ го игнорираше и нашето претходно јавно обраќање.

Затоа, поаѓајќи од тоа дека за првпат, државата веќе има застанато зад Лекторатот по македонски јазик во Тирана, јавно апелираме, во функција на заштита и на македонските државни и национални интереси, сите надлежни македонски институции да се заинтересираат и да се заложат да се исправат пропустите и да не се дозволи да се доведе во прашање неговото постоење и развивање. Овој апел го упатуваме и до претседателот на државата, и до Владата за реакција и преку ресорните министерства, пред сè Министерството за образование и наука, како и до Државниот просветен инспекторат, но и до сите општествени и политички субјекти и фактори во државата што се залагаат за заштита на македонските национални и државни интереси. Да застанеме на линијата за развој на македонистиката во Албанија. Наш приоритет со години беше и останува да се развиваат студиите по македонски јазик во Тирана и веруваме дека заеднички со македонската држава ќе успееме во тоа“.

Македонија

(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“

Објавено пред

Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.

dobivaj vesti na viber

Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот

Објавено пред

Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.

dobivaj vesti na viber

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

ДУИ за Балансерот: Тоа е опасен обид за намалување на влијанието на Албанците во јавниот и институционалниот живот на државата

Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на владата со моноетнички легитимитет да ја смени формулата „балансер“ од 29,5%...

Топ9 часа

Пратеници на службените електронски адреси добиле заканувачки пораки

МВР соопшти дека вчера во 13.58 часот во Полициската станица Центар, претставник на една политичка партија пријавил дека на 23.07.2024...

Македонија12 часа

Иселениците повеќе нема да ја одредуваат етничката застапеност во државните институции, сменет е процентот на балансерот

Министерот за јавна администрација, Горн Минчев, објави дека се изменети процентите на балансерот, кој од 2022 година ја броеше и...

Економија12 часа

По 200.000 денари субвенција за занаетчиите за нов алат, машини или нов производ, пријавување до 1 октомври во Економија

Занаетчиите што купиле нов алат, машини или имале нов производ во 2023 и 2024 година ќе може да се пријават...

Македонија13 часа

До декември потешките операции, место во Клинички, ќе се прават во „8 Септември“ и во „Св. Наум Охридски“, Таравари најави нов тендер за компресорска станица

Хируршките сали во Клиничкиот центар ќе функционираат со надворешни компресори и со намален интензитет до декември. Ова решение како привремено...

Македонија14 часа

Наместо Скопје, прашина на подножјето на Водно – што се случувало во сеизмолошката станица за време на скопскиот земјотрес

Денес, 26 јули, одбележуваме 61 година од скопскиот катастрофален земјотрес, кој остави длабоки траги во историјата на градот Скопје. Земјотресот...

Македонија14 часа

Амбулантата во Илинден готова до Нова година, ќе почне со општи лекари, а веќе се бараат и интернист, педијатар, гинеколог…

До Нова година ќе биде пуштена во употреба реновираната амбуланта во општина Илинден, која ќе ги опслужува и жителите на...

Македонија15 часа

Телефонот на врховниот судија Георгиев упатува на друго кривично дело – одземени и досиеја при претресот во Академијата за судии

Два мобилни телефона од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видеозапис и две досиеја –...

Македонија16 часа

„Вреди“ го прозва Али Ахмети откога СДСМ ја призна грешката за измените на Кривичниот законик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја призна грешката, дали ова ќе го направи и Али Ахмети од ДУИ, прашуваат од...

Македонија16 часа

Почвата кај Берово не се смирува: утрово регистриран уште еден земјотрес

Земјотрес од 3,1 степени утрово е регистриран во околината на Пехчево и Берово. Според информациите на Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот се...

Свет17 часа

Камала Харис до Нетанјаху: Ставете крај на војната во Газа

Американскaта потпретседателка Камала Харис, која се очекува да биде кандидат на Демократската партија на претседателските избори во ноември, одржа, како...

Свет17 часа

(Видео) Американска пратеничка со говорна мана одржа говор користејќи глас со вештачка интелигенциј

Американската пратеничка од Вирџинија Џенифер Векстон користеше програма за вештачка интелигенција (АИ) за да се обрати синоќа пред Претставничкиот дом...

Македонија19 часа

Сончево со мала до умерена локална облачност и температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и во...

Топ1 ден

Починато бебе во Богданци: подолг период било хоспитализирано

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе....

Топ1 ден

Во канал за наводнување пронајдена почината жена од Кочанско

Денеска во Полициската станица Кочани, К.Ј.(64) пријавил дека во канал за наводнување во близина на с.Оризари, кочанско, ја пронашол удавена...

Македонија1 ден

Мицкоски по апелот на Филипче за нов кривичен законик: Што е со делата што застареа, а граѓаните плаќаат милиони отштета

Премиерот Христијан Мицкоски е согласен да биде донесен нов кривичен законик, кој ќе биде изработен според европските стандарди. Ова беше...

Македонија1 ден

„Нема повеќе евтина храна на државна сметка“ – 50 отсто зголемени цените во владините објекти

Зголемување на цените на угостителските услуги во владините објекти за педесет отсто најави директорот на Службата за општи и заеднички...

Македонија2 дена

Филипче призна дека згрешиле со измените на Кривичниот законик, на Владата ѝ предложи да донесе нов што им бил изготвен пред шест години

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека претходната влада згрешила што ги донела измените на Кривичниот законик, со кој застаруваат...

Македонија2 дена

Таравари и со скратен буџет ќе ги вработува оние со договор на дело: Ќе најдеме решение и тие до крајот на годината да бидат редовно вработени

По одлуките за вработување на специјализантите и дополнувањето на позитивната листа на лекови, кои министерот за здравство, Арбен Таравари, ги...

Македонија2 дена

Гром предизивка пожар во општина Старо Нагоричане

Гром предизвикал пожар на сува трева и шума во село Бајловце, општина Старо Нагоричане, информираа од регионалниот центар за управување...