Македонија
(Видео)Макрадули: Почист воздух, ама за две години
Владата најави двегодишен план за справување со аерозагадувањето. Заменик-министерот за животна средина, како раководител на интерресорката група за справување со загадувањето, Јани Макрадули, најави дека станува збор за план во рамки на кој ќе бидат преземени низа активности. Тој очекува со овој план загадувањето да се намали за 50 проценти.
Тој наведе дека досега се обезбедени 98 милиони денари од буџетот, но дека очекуваат средства од домашни донатори за да се спроведе планот – како на пример од Шведска, Јапонија и САД. Макрадули не беше конкретен за колкави средства станува збор.
,,Не сакам да лицитирам”, рече Макрадули, но спомена дека шведската агенција СИДА треба да издвои 2,5 милиони евра со кои се очекува да се поправат мерните станици што не функциониираат и да се обноват другите.
Макрадули не беше дециден кога може да се очекуваат првите резултати од овој план, но го повика и граѓанскиот сектор да помогнел околу подигање на свеста кај граѓаните за користење еколошки горива.
„Во европските држави, невладини активисти одат од врата на врата и им кажуваат на граѓаните колку е штетно греењето на нафта за здравјето на нивното дете. Затоа ги повикувам активистите и кај нас да го сторат тоа и да помогнат во справувањето со овој комплексен проблем“, рече тој.
Според него планот треба да се спроведе со буџетски пари и донации од меѓународни организации за кои се организира и оваа донаторска конференција. Во услови кога најголем дел од граѓаните се справуваат со егзистенцијални проблеми, како би купиле еко-печки, на ова прашање заменик министерот Макрадули рече дека владата ќе помогнела со субвенционирање.Но, тој додаде дека и таа активност е предвидена за следната година.
Инаку, како што наведе тој двогодишниот план предвидува замена на нееколошки енергенси во јавните институции и домаќинставата, приклучување на парно-греење на исклучените граѓани,поставување на топлотна изолација на стари објекти,приклучување во систетмот на гасификација…
На прес-конференцијта пред почетокот на донаторскиот состанок иако беше најавено да зборува и Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку, но тој не се појави пред новинарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

