Македонија
(Видео) „Малку активности да има во април”, се слуша Јанева од позадина додека Камчев зборува со Јовановски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/83091394_2677027062386537_1083655729505632256_n-1.jpg)
Договори како да се постапи во постапка на СЈО меѓу Орце Камчев и Бојан Јовановски се слуша во снимките кои се објавуваат во судница. Јовановски му објаснува како Јанева ќе постапува во предметот, но и што чекаат да направи судијката Весна Димишкова во врска со притворот.
„Орце, срце мое, од тоа што се договоривме беше тешко да се менаџира, ради тебе искочија и други”, му вели Јовановски на Камчев, а тој го прашува: „Кажи ми сега што се случува?”, по што Јовановски одговора: „Да почекаме Весна Димишкова да видиме што ќе направи, да дадеме време до среда или четврток. Во случај да не одлучи ништо, Томи оди кај Катица, за да има оправдување жената бидејќи е организатор… Тука покрај бизнис-партнерите, ќе дадат…”.
„Ова беше завршено, ова ти е следно. Мене некои работи ме пореметија. Твоето однесување”, му вели Јовановски на Орце Камчев, објаснувајќи активности кои ќе бидат преземени.
„Еден среда, еден април…”, набројува Камчев и прашува: „Како ќе се води постапкава”, а Јовановски одговора „Ќе го земеш пасошот. Ќе ти кажам јас уште в среда. Ако треба нешто да преземете, ќе преземете”.
“Tреба да искористи вакви луѓе како мене и тебе”, вели Камчев а Јовановски одговара “Што направи оваа, да не се бања да и е**м матер”.
„Јас зимам, трошам, инвестирам. Ти може трошиш на себе… Сакам да речам, сега да имам 10 милиони, сега одма сите ги ставам во бизнис”, му вечи Камчев на Јовановски, на што тој додава: „Ти си ја знаеш твојата улога за в среда”, а потоа повторно Камчев вели: „Еден милион имаш”.
„Малку активности да има во април”, вели Јанева од позадина кога Камчев му се јавува на Јовановски и му кажува дека 12 лица добиле покани за во СЈО. По ова Камчев вели: „Значи шминка, добро”.
„Во ред е ги изразговавме сите работи и нејснотии”, вели Јовановски преку телефон на спикер на Јанева по што таа вели: „Добро”, по што Јовановски кажува како ќе постапат и дека Камчев се плаши од Стефанова. Оваа снимка беше објавена и од весникот „Ла верита”.
„Ние бизнис тераме, не политика, уценување, не сме научени на тие работи”, рече Камчев, а Јовановски му одговори „Добар си ти во разговорите”.
„Менаџирањето околу Заев и целата таа игра. Јас имам веќе смислено, направено. Јас на овој или оној начин ќе го изработам и завршам. А пропо Заев ти кажав и за Жаре. Ти кажав оти стекнав доверба во тебе. Да не случајно ти се испушти пред било кој”, му вели Јовановски на Камчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.