Контакт

Македонија

Манчевски до Стаменковска: Короната не избира дали луѓето работат во јавната администрација или приватно

Објавено пред

Коронавирусот не ги избира луѓето по тоа дали работат во јавната администрација или се во приватен сектор, реагира министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, во однос на фејсбук-статусот на дополнителната заменичка Невенка Стаменковска-Стојковски, која претходно денеска рече дека заразени има во институциите, а јавниот сектор е оставен сам на себе.

„Очигледно, дополнителната заменик-министерка Невенка Стаменковска-Стојковски продолжува да го користи вирусот за политички цели и да набројува институции со цел ширење паника и надеж за добивање политички поени. Кога веќе споменува во кои институции работат некои од позитивните случаи, се прашувам зошто заборава да го спомене МВР. И таму во повеќе наврати некои од вработените беа тестирани и беа позитивни, помеѓу кои и советникот на техничкиот министер. Или оваа информација не им оди во прилог во матрицата на поделби што сакаат да ја наметнат во јавниот сектор“, вели Манчевски.

Тој апелира да се остави пандемијата предизвикана од коронавирусот надвор од политичките пресметки.

„Поделбите, лажните вести и ширењето паника е само на наша штета. Никој нема да добие ништо од тоа. Нашата борба е со Ковид-19 и само со почитување на мерките можеме да ги намалиме бројките на позитивни независно во која институција работат“, вели Манчевски.

Македонија

ДИК најави резултати во 23 часот

Објавено пред

Гласањето во услови на Ковид – 19 на овие парламентарни избори ќе заврши два часа подоцна од вообичаеното време, односно избирачките места ќе бидат затворени во 21 часот.

Портпаролот на Државната изборна комисија најави резултати два часа по затворањето, во 23 часот.

„Откако ќе заврши гласањето во 21 часот има процедури за пополнување обрасци по што ќе почне електронската дистрибуција на податоците до ДИК. Нашите пресметки се дека најдоцна до 23 часот ќе имаме значен број обработени податоци’, рече портпаролот Шабани.

До затворање на избирачките места останува помалку од еден час.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одѕивот до 19 часот е 45,77 отсто, најмногу гласачи излегле во Вевчани

Објавено пред

Одѕивот два часа пред затворањето на избирачките места е 45, 77 отсто. На 3463 гласачки места до 19 часот гласале 830. 370 граѓани.
Во Изборната единица 1 одѕивот е 47,4 отсто, во Втората изборна единица одѕивот е 43,4 отсто, Третата изборна единица има одѕив од 51,52 отсто,

Четвртата изборна единица има одѕив од 63,24 отсто, во Петтата изборна единица на гласање излегле 44,89 отсто и во Изборната единица 6 на гласање излегле 35,49 отсто од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

„Општини со поголем одѕив во Првата изборна единица се Македонски Брод со 64,68 отсто и Сопиште со 63,64 отсто. Во Втората изборна единица се издвојува Бутел со 47,2 отсто и Ѓорче Петров со 47, 56 отсто. Во Изборната единица 3 се издвојуваат Берово со одѕив од 56,45 отсто, Лозово 65,25, Ранковце со 60,37 отсто. Во Четвртата изборна единица се издвојуваат Гевгелија со 62,17 отсто, Демир Капија 62,31 и Неготино 62,98 отсто. Во Петтата изборна единица се издвојува Вевчани со 64,11, Кривогаштани со 63,1 и Демир Хисар со одѕив од 62,98 отсто во Шетата изборна единица со поголем одѕив се Брвеница со 35,23 отсто, Јегуновце со 40,52 отсто и Тетово со 40,93 отсто“, соопшти Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија.

Во ДИК нема нови приговори и пријави по 17.30 часот, а се прави анализа колку траел прекинот на гласањето во Липково за да се утврди дали гласањето ќе биде продолжено за онолку колку што траел прекинот. Портпаролот Шабани објасни дека доколку се утврди дека прекинот траел повеќе од еден но помалку од три часа, гласањето ќе биде продолжено и по 21 часот. Според Изборниот законик доколку прекинот е подолг од три часа, гласањето не продолжува.

Прикажи повеќе...

Македонија

МОСТ: Полицијата интервенирала во Кичевско каде гласач го фотографирал ливчето

Објавено пред

Набљудувачите на МОСТ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го ставил во гласачката кутија. По ова била повикана полиција, фотографиите биле избришани, полицијата направила записник, а лицето било приведено на информативен разговор.

На прес конференцијата МОСТ ги објави податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите по изборни единици е следниот:

Во изборната единица 1 – до 15 часот, одзивот е 35,93, до 16 часот – 39,29, до 17 часот – 42,31, до 18 часот – 45,13 отсто, додека во ИЕ 2 – до 15 часот – 31,78, до 16 часот – 34,88, до 17 часот – 37,88, до 18 часот – 41,06 осто.

Во тројката до 15 часот одзивот е 37,27, до 16 часот – 40,45, до 17 часот – 43,95, а до 18 часот – 47,64 отсто.

Во останатите изборни единици: ИЕ 4 – до 15 часот – 37,87, до 16 часот – 41,71, до 17 часот – 45,83, до 18 часот – 50,25 отсто, во ИЕ 5 – до 15 часот – 33,10, до 16 часот – 36,44, до 17 часот – 39,56, до 18 часот – 42,70 осто а во шестката до 15 часот – 24,78, до 16 часот – 28,23, до 17 часот – 31,19, до 18 часот – 33,97 отсто.

На претходните прес конференции МОСТ објави дека нивните набљудувачи не забележале неправилности во гласањето. Терминот на последната прес-конференција на која ќе бидат соопштени резултатите од ПВТ програмата за одѕивот и распределбата на гласовите дополнително ќе биде објавен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

ДИК најави резултати во 23 часот

Гласањето во услови на Ковид – 19 на овие парламентарни избори ќе заврши два часа подоцна од вообичаеното време, односно...

Македонија16 минути

Одѕивот до 19 часот е 45,77 отсто, најмногу гласачи излегле во Вевчани

Одѕивот два часа пред затворањето на избирачките места е 45, 77 отсто. На 3463 гласачки места до 19 часот гласале...

Македонија28 минути

МОСТ: Полицијата интервенирала во Кичевско каде гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на МОСТ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија2 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија3 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија4 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија4 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија5 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија6 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија7 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион7 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет8 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија9 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија11 час

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион11 час

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија12 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија13 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија13 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија21 час

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет23 часа

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Досие