Македонија
Маричиќ- Брнз: Силна поддршка за реформите во судството
Министерот за правда Бојан Маричиќ се сретна со амбасадорката на САД Кејт Брнз, со која дискутираа за модалитетите за соработка во рамки на неодамна објавениот Меморандумот за воспоставување на борба против корупцијата на САД. Дополнително беше разговарана и Извршната наредба издадена од Претседателот Бајден, за лица кои дејствуваат против демократските вредности, а доаѓаат од Западен Балкан.
Министерот Маричиќ ја потенцираше важноста на континуираната поддршка на САД и ја искористи средбата да ги презентира досегашните реализирани активности во рамки на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор и ги најави и следните чекори во областа на борба со корупцијата кои почнуваат наскоро, меѓу кои и Проектот на ОБСЕ и ЕУ за мониторингот на случаи на висока корупција.
Извршната наредба издадена од претседателот Бајден наиде на огромна поддршка бидејќи во актот акцент е ставен и на борбата против корупцијата, што е клучен приоритет и на Министерството за правда и на Владата на Република Северна Македонија.
„ Останува нашето партнерство, продолжува соработката и обостраната заложба во бескомпромисната борба против корупцијата, беа согласни министерот Маричиќ и амбасадорката Брнз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Ристов не е изолиран случај, „чадорот“ на заробената правда се крши
Одлуката на Судскиот совет да му го одземе имунитетот на Апелациониот судија, Ѓоко Ристов, за привремено да го отстрани од функцијата и да му изрече мерка куќен притвор е важен чекор. Но, овој чекор не го затвора прашањето, напротив, го отвора уште повеќе затоа што кога ќе се открие дека кај Апелациониот судија има 350 илјади евра за кои се сомнева дека се нелегални пари, ова не е индивидуален скандал. Ова е лицето на заробената правда, велат од „Влен“ преку допис до медиумите.
Коалицијата потсетува дека Ристов, заедно со нон грата судијата Енвер Беџети, беа дел од одлуките што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков – како што го нарекуваат, симболот на заробената држава. Во истиот контекст, Артан Груби, бегалец од правдата, исто така беше санкциониран нон грата.
„Тука нема случајност. Има шема. Има штит. Има чадор. Затоа, главното прашање не е само што ќе се случи со Ристов. Прашањето е кој го заштитил Ристов, а кого Ристов заштитил. Граѓаните имаат право да знаат во колку случаи Ристов и Беџети дејствувале, во колку случаи одлучувале за притвор, финансиски гаранции, одложувања или застарувања и кои конкретни одлуки доведоа до ослободителни пресуди, бегство од одговорност или тивки “амнестии“ за моќни луѓе“, велат од „Влен“.
Се додава и дека куќниот притвор не смее да се претвори во удобен одмор, додека системот продолжува со истото. Истрагата мора да оди до крајот на синџирот, со целосна контрола на одлуките, следење на имотот и конкретна одговорност, со имиња и презимиња.
Македонија
Од оваа година 15.000 денари за секое новороденче во општина Крива Паланка
Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски го посети првото новороденче во Општината во 2026 година – машко бебе, на кое му беа врачени пригодни подароци.
Посетата е дел од континуираните активности на општина Крива Паланка за поддршка на младите семејства и афирмација на наталитетот.
„Во рамки на мерките за поддршка на семејствата со новороденче, финансиската поддршка што ја обезбедува општина Крива Паланка изнесува 15.000 денари за секое новороденче“, известуваат од Општината
Македонија
СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“
„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и кујните, Владата на ВМРО носи 10.000 „сезонски работници“. Дупката во Буџетот е веќе 2 милијарди евра, нема пари за плати и пензии поради криминалните тендери. Како ќе се обезбедат 6 милијарди евра кредит? Преку познатиот договор кој го објавија британските медиуми“, велат од СДСМ.
„Како ќе се сокрие тоа од јавноста? Со дефокус, измислен „рекет“, црна кампања и брутален јавен линч против претседателот на СДСМ, Венко Филипче и членовите на партијата.
Сеат магла, преку Алфа ТВ, Геро, Бетмен Велит, преку Ивона позната по врската со Латас, Наум Стоилковски, преку медиумскиот октопод Алфа–Алта, создаден од ВМРО а финансиран со пари на граѓаните на Македонија, кои се испумпуваат преку тендери.
Дефокус за пренасочување на вниманието на јавноста од вистинските економски проблеми на граѓаните и главната тема, мигранти за пари.
СДСМ ќе продолжи да ја разобличува секоја лага на кујните на ВМРО, секој дефокус и секоја злоупотреба“, соопштуваат од СДСМ.

