Македонија
(Видео) Тапани и молитви на контра-собирот на првата Парада на гордоста
Со зурли и тапани, ора и молитви беше одржан маршот за здраво семејство, кој се организира како контра-собир на првата Парада на гордоста.
Собраните пеат духовни песни, се прекрстуваат и носат пароли „Брак, семејство, иднина“, „И плодот во утробата има права“, „Полот и родот е биологија, не идеологија“, „Мајка и татко -темел и покрив“. Нив ги придружуваат свештеници од МПЦ, чесни сестри од римокатоличката црква, како и припадници на муслиманската заедница, евангелистичката и методостичката црква.
Горан Илиев, кој е пастор во евангелистичка црква изјави дека тие строго стојат зад традиционалните вредности и поддржуваат брак помеѓу еден маж и една жена.
„Следиме анализи и истражувања, за децата кои растат во хомосексуални бракови. Тие анализи покажаа дека децата кои растат со двајца машки и женски родители се збунети и не може да се снајдат во општеството, склони кон самоубиства и депресии, затоа што човекот кога е без една рака, сака да ги има и двете. Затоа сметаме дека детето треба да има мајка и татко“, изјави Илиев.
Ивица Тодоров, од МПЦ рече дека тие немаат ништо против луѓето кои ја одржуваат парадата, ниту пак против нивната сексуална оријентација, но сметаат оти биле заведени од одредени центри на моќ и се манипулира со нив.
„Некој има интереси од ова, а нив ги користи како цел. Затоа ние преку овој марш сакаме да покажеме дека сме чисти во намерите. Овој марш е надпартиски, надверски и ја покажува смислата на вредностите кои ги дал Бог“, рече Тодоров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59
Премиерот Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има предност пред нејзиниот опонент од СДСМ, ќе биде следниот градоначалник на општината.
Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно ја изразиле својата волја и доверба кон ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која во првиот круг освоила 33 градоначалници, наспроти тројца од СДСМ, а во вториот круг влегла во 26 општини.
„Веќе во две општини противниците на нашите кандидати се откажаа – Македонски Брод и Могила – така што во овој момент коалицијата има 35 градоначалници и уште во 24 општини е во втор круг. Тоа се 59 потенцијални градоначалници“, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа ќе биде историски најголем триумф на македонската политичка сцена.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, имајќи мнозинство и во 58 општински совети, а го истакна и водството на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, со предност од над три спрема еден во однос на противкандидатот.
Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 2 ноември и да го заокружат бројот 9, за, како што рече, да се потврди „најголемата победа во историјата на Македонија“.
Македонија
Бесплатно патување за пензионерите, финансиска поддршка за првачиња и новороденчиња, најави кандидатката за градоначалничка на Неготино, Марија Нацева
Кандидатката за градоначалничка на општина Неготино од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Нацева, на денешниот настан во рамки на кампањата за вториот круг од локалните избори, изјави дека нејзината програма нуди конкретни проекти за подобра иднина и развој на општината.
Нацева нагласи дека акцентот е ставен на развојот на патната и комуналната инфраструктура, со најави за реконструкција на градскиот плоштад, изградба на концертна сала, како и кружни текови на влезот и излезот од градот.
„Во програмата што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ има голем број капитални проекти – реконструкција на градски плоштад, изградба на концертна сала, кружни текови на влезот и излезот од Неготино, реконструкција на старата социјална зграда и спортскиот комплекс околу салата ‘Младост’“, изјави Нацева.
Таа додаде дека ќе се инвестира и во образованието, преку реконструкција на училишта, доделување стипендии, финансиска поддршка за првачињата и новороденчињата, како и воведување на бесплатно патување за пензионерите и промоција на локалниот туризам.
Нацева посочи дека дел од плановите опфаќаат и урбанизација и развој на нови зони за инвеститори, што ќе придонесе за нови вработувања и задржување на младите во градот. Таа најави и активности за зелена и енергетски ефикасна општина.
Нацева во Неготино ќе се соочи со Петар Мантев од СДСМ. Првиот круг заврши со 656 гласа во корист на Нацева. Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.
Македонија
Наталија е патриот и инспирира со својата работа, рече Мицкоски за кандидатката за градоначалничка на Демир Капија пред вториот круг
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот настан во Демир Капија во рамки на кампањата за вториот круг од локалните избори, изјави дека кандидатката за градоначалничка, Наталија Димитриева ќе оствари убедлива победа на 2 ноември.
„Наталија направи исклучително добар резултат во првиот круг и со поддршката од граѓаните Демир Капија ќе ја добие својата жена за градоначалник. Таа е голем патриот, борец за својата Демир Капија и инспирира со својата работа“, рече Мицкоски.
Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на 2 ноември и да го заокружат бројот 9, нагласувајќи дека изминатите 16 месеци Владата испорачала повеќе проекти и реформи по седум години стагнација.
Во вториот изборен круг Димитриева ќе се соочи со кандидатот на СДСМ, Лазар Петров. Во првиот таа освои 1.006 гласови, а Петров 974.

