Македонија
„Мајами интензивен курс“ – за секој што сака добро да научи англиски
Подобрете го вашиот англиски јазик со директно учење на „Мајами интензивниот курс“, кој заеднички го организираат Универзитетот „Мајами“ во Охајо во Соединетите Американски Држави и Американскиот универзитет на Европа – ФОН од Скопје, Република Северна Македонија.
Научете убаво да зборувате, убаво да пишувате, убаво да се изразувате.
Погответе се за предизвиците во освојување на универзитетите во светот, добивање добра работа, соодветно описменување на англиски јазик – без страв од грешки, туку со доверба за подобра иднина.
Курсот ќе ви помогне полесно да го добиете сертификатот ТОФЕЛ, како и да бидете успешни на интервју за работа, да пишувате академски, да зборувате течно и убедливо, како и да работите интернационално, во група, да функционирате како еден тим.
На курсот може да се запише секој заинтересиран, без ограничувања на возраста, полот, стручната определба. Уписите се во тек, а курсот трае еден семестар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

