Македонија
МВР: Во Струмица синоќа се проверуваше автентичност на дозволи на лица што носеа пакети со непозната содржина
Од МВР информираат дека синоќа во 22.30 часот на струмичката улица Ѓорги Трајков од страна на полициски службеници, кои го контролирале почитувањето на полицискиот час, биле затекнати 11 лица и поголем број пакети со непозната содржина.
Од страна на полицајците лицата биле легитимирани по што било утврдено дека некои од нив поседуваат дозволи за движење издадени од здружението за хуманитарни цели „Сите заедно можеме“, а други, пак, поседувале известување издадено од Општинскиот штаб за заштита и спасување.
„По овластување на дежурен јавен обвинител, извршен е увид на местото на настанот од страна на екипа при СВР Струмица и со потврда за привремено одземени предмети се одземи предметните дозволи и известувања со цел проверка на нивната веродостојноста“, информираат од МВР.
Јавниот обвинител издал наредба полицајците да ги обезбедат пакетите со непозната содржина сè до моментот на доставување на целокупната документација за нив од страна на здруженито „Сите заедно можеме“.
Денеска, во врска со настанот, три лица биле повикани на разговор во СВР Струмица по што си заминале.
„Во моментот се работи на целосно расчитување и документирање на случајот во координација со ОЈО Струмица“, велат од Министерството.
Од таму додаваат дека со цел да се утврди дали полициските службеници постапиле во согласност со правилата и процудурите, од страна на одделот за внатрешна контрола, ќе бидат преземени мерки и соодветно ќе биде информирана јавноста.
Ваквото образложение на МВР следува кога претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на „Фејсбук“ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ преку полициски структури попречува хумантирна помош за граѓани преку злоупотреба на државни институции.
„Полицијата вчера влегла во магацинот за контрола на хуманитарните пакети, кои се донација од семејството Заеви во време на кризата предизвикана од коронавирусот“, објасни Заев и порача дека целиот настан претставува одлика на нелуѓе од, како што рече, еден режим што одамна е поразен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

