Македонија
МВР: Управните служби поради полицискиот час ќе работат до 19 часот
Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана за движење на населението во периодот од 20:00 часот до 5:00 часот наредниот ден, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите управни служби на територија на државата кои работат втора смена ќе работат до 19:00 часот.
Сите граѓани на кои термините за аплицирање за лични документи им се закажани во периодот од 18:30 до 19:45 часот, ќе можат да ги искористат во текот на целиот работен ден до 18:30 часот, притоа почитувајќи го датумот на закажаниот термин, стои во писменото соопштение од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски од Париз: Активна поддршка за извозот на македонското вино на европските и светските пазари
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, а во присуство на македонскиот амбасадор во Франција, Игор Николов и претставници на домашните винарии, вчера во Париз се обрати на настан посветен на промоцијата на македонските вина на меѓународната сцена.
Настанот беше организиран во рамки на работната посета на Париз, со поддршка на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како дел од активностите за унапредување на економската дипломатија и зголемување на извозните можности на државата.
Пред бројни гости од дипломатскиот кор, културниот и јавниот живот, политиката и француската винска индустрија, беше истакнат квалитетот, традицијата и конкурентноста на македонските вина на европските и светските пазари.
Министерот Муцунски нагласи дека македонското вино претставува еден од најпрепознатливите извозни производи на државата и значаен сегмент на економската соработка, посочувајќи дека Министерството ќе продолжи со активна и стратешка поддршка на домашните производители, со цел натамошно јакнење на нивната меѓународна позиција и отворање нови пазарни можности.
Македонија
(Видео) СДСМ: Единаесет дена нема одговор како пет тони дрога поминале граница
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција обвини дека 11 дена нема одговор од институциите за тоа како пет тони дрога вредни околу 40 милиони евра ја поминале македонската граница и завршиле во Србија.
„Единаесет дена јавноста чека одговор. Единаесет дена власта молчи. Како 5 тони дрога, по некои проценки вредни околу 40 милиони евра, ја поминале македонската граница и завршиле во Србија? Кој ќе одговара?“, праша Кузеска.
Таа оцени дека молкот не е случаен и дека, според неа, станува збор за скандал кој „води кон врвот на власта“, обвинувајќи дека некој се обидува да го заташка случајот.
Според Кузеска, наместо одговори, јавноста гледа „дефокус“ и „медиумска магла“, додека премиерот Христијан Мицкоски, кој го нарече македонскиот Мадуро, во јавноста лицитира со количини од 25, 40, па и 100 тони.
Портпаролката на СДСМ постави прашања дали фирмите поврзани со случајот биле нелегални и зошто, доколку е така, не била направена навремена контрола, како и дали државата ги субвенционирала и дали постои ризик од евентуални отштети.
Македонија
Левица: Законот за вработување на најдобрите лекари влегува во сила
На денешната пленарна седница, со поддршка од сите парламентарни партии, се усвои предлог-законот на Левица за укинување на дискреционото право на директорите при вработување.
Од партијата велат дека Законот претставува чекор кон конечно развивање дијалог кога се работи за закони кои се од општо добро за сите граѓани.
„Со измените на Законот за здравствена заштита се укина дискреционото право на директорите на здравствените установи да одлучуваат кои кандидати ќе бидат вработени и наместо тоа со новата законска обврска ќе бидат избрани најдобрите кандидати“, наведува Левица.

Се додава дека подобро и прогресивно општество се гради само преку вреднување на трудот на најквалитетните умови, а со усвоениот закон на Левица се трасира патот во таа насока.

