Македонија
(Видео) Ме местеа за поткуп за да ги спречат бомбите, рече Заев по судењето
„Ме местеа за ги спречат бомбите“, рече премиерот Зоран Заев, кој е обвинет за случајот „Поткуп“, по денешното судско рочиште. Тој рече дека, најверојатно, станува збор за пазарање со одредени политички структури за да биде спречено објавувањето на бомбите. Кога судијата Дарко Тодорвски соопшти дека Апелациониот суд во Скопје ја прифатил жалбата на Обвинителството, видеоснимката од кабинетот на Заев да биде пуштена во судницата без присуство на новинарите, премиерот рече дека ќе бараат начин исечените делови од видеото да ги пуштат во јавноста.
„Мене ми е мило што судот ќе ги има предвид комплетните докази и убеден сум дека предметот треба да финишира, секако судот ќе се изјасни за тие работи. Апсолутно ми е мило што низ судска постапка го разобличивме целиот предмет, буквално како што реков, го отворивме како пупка“, изјави Заев. Тој очекува ослободителна пресуда за случајот.
„Станува збор за моето достоинство и углед“, рече Заев. Тој потенцира дека снимките што биле пуштени во судницата го докажуваат тоа што го тврделе, дека станува збор за местенка за да се оцрни неговиот углед. „Кога се говори за пари, се говори за железо, цемент, тули за црквата“, рече Заев. Тој очекува предметот да финишира. На крајот на рочиштето, кога јавноста повторно се врати, адвокатот Филип Медарски соопшти дека се откажува од нивните предлози да бидат сослушани тројца сведоци и од дополнителни докази. На тоа обвинителката Валентина Бислимовска не се противеше, по што, на судењето закажано за 7 мај, Заев треба да биде распрашан. Уше едно дополнително рочиште судијата закажа за 15 мај.
Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од приближно 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

