Македонија
Министерството за здравство: Задолжителен карантин за лицата што доаѓаат од сите јужноафрикански земји
Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што доаѓаат од сите африкански земји.
Оттаму додаваат дека до овој момент во земјата сè уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот.
Во текот на утрешниот ден МАНУ ќе изврши анализа на брисеви од двајца пациенти ковид-позитивни, кои се вратиле од патување од Занзибар. Пациентите се хоспитализирани веднаш по пројавувањето на првите симптоми на вирусот СарсКОв2.
Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести во согласност со актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување понатамошно ширење на коронавирусот. Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на рацете и држење дистанца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Tаравари колабирал и бил пренесен во болница
Министерот за здравство, Арбен Таравари, објави дека колабирал и завршил во болница, откако вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев удар.
Таравари утрово раскажа дека му се случил ненадеен колапс и итно бил пренесен во болница.
„Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се’ уште немаат донесено никакви заклучоци. Сепак, добро сум, со семејството, ќе ги чекаме одговорите на лекарите“, рече Таравари.
Се заблагодари за грижата и добрината на граѓаните.
Македонија
СДСМ реагира: Администрација е претворена во акционерско друштво за вработување на партиските кадри
Изјавите на Мицкоски за деполитизирана и професионална администрација се ништо повеќе од празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата Влада. Ова е уште еден апсурден обид да се прикаже лажна реалност додека граѓаните сведочат за невидена партизација и злоупотреба на јавната администрација, реагира СДСМ на изјавите на премиерот за јавната администрација.
Од опозициската партија велат дека администрацијата е претворена во акционерско друштво за вработување на партиските кадри.
„Наместо компетентни и професионални кадри за шест месеци Мицкоски ги деградираше професионалците и постави луѓе без никакви компетенции и знаења, а од квалификации поседуваат само партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ. Досега видовме систематско прекршување на процедурите, поставување на три заменици директори во Царина, поставување на директор на АНБ спротивно на законот, поставување на раководители без соодветни квалификации. Јавната администрација стана заробеник на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните се оставени да се борат со бавни услуги, хаос и нефункционалност. Како може Владата, која отворено игнорира закони и критериуми за назначување кадри, да ветува „вреднување на трудот“?“, велат од СДСМ.
Додаваат дека јавната администрација мора да биде сервис за граѓаните, а не алатка за партиски интереси, а за тоа потребни се конкретни дела: итна департизација, санкции за корумпираните функционери и воспоставување јасни и транспарентни критериуми за вработување и напредување во администрацијата.
Скопје
Комунална хигиена-Скопје подигна 𝟨𝟢 кубни метри отпад од диви депонии во текот на изминатото деноноќие
Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во скопските општини Кисела Вода, Центар, Ѓорче Петров и Чаир.
На улицата Димо Хаџи Димов во општината Кисела Вода се подигнати 10 кубни метри непрописно одложен отпад од картонска амбалажа. Во општината Центар се расчистени неколку диви депонии лоцирани на булеварот Партизански одреди и улицата Даме Груев.
Интервенирано е и кај црквата Св.Ѓоргија во месноста Криви Дол, зад скопското Кале, каде што е отстранета дива депонија од самиот влез во црквата.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнаа и приближно 20 кубни метри кабаст отпад одложен долж булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир, како и 15 кубни метри мешан комунален отпад и автомобилски гуми одложени на улицата Борис Сарафов во скопската општина Ѓорче Петров, извести Комунална хигиена-Скопје.