Македонија
Министерството за здравство: Поради дефект на компресорите, беа одложени елективните програми, а не итните случаи

Министерството за здравство информира дека поради дефект на еден од компресорите, во текот на два дена беше одложен елективниот програм, а не итните случаи за операција на пациенти.
Како што велат, не е точна информацијата за наводен колапс на Клиничкиот центар.
„Се работи за дефект на еден од компресорите поради што многу инструменти зависат од притисокот што го генерираат пумпите, затоа во текот на два дена, елективниот програм, а не итните случаи, беа одложени. Проблемот е саниран, а со кислородот немало никаков дефект. Во вторникот е реализирана средба со директорите на Градската општа болница „8 Септември“, ТОАРИЛУЦ, Клиниката за дигестивна хирургија, КАРИЛ, каде што е постигнато усогласување и во тек е усвојување план како ќе се одвива кохортацијата на пациентите кога ќе почне реновирањето на КАРИЛ. Компресорската станица требало да биде променета уште пред 3 години. Во тек се активности на министерот за здравство за проверка на сите компресорски станици во Клиничкиот центар и бргу ќе се пристапи кон промена на сите компресори што се дотраени“, се вели во соопштението на Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Коцевски не постапува и не го санкционира криминалот со што предизвикува ерозија на судскиот систем, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според ВМРО-ДПМНЕ, Коцевски наместо да работи на владеење на првото и да го санкционира криминалот тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството.
Коцевски, според нив е платен од граѓаните и треба да ја гарантира правдата и владеењето на правото, а не да е во спрега со политичките криминалци на СДС и ДУИ.
„Надежта за правда на која се фокусираше СДС заврши неславно со инсталирање на обвинители и судии избрани во Струмица и Зајас кои не постапуваат по наводите за криминал.
Наместо правда, од владеењето на СДС и ДУИ остана само клиентелизмот на судиите избрани во Струмица и Зајас кои ги опструираат предметите и не постапуваат.
Коцевски не постапува по наводите за криминал во Онкологија, ЈПДП, Државна Лотарија, ТЕЦ Неготино, РЕК Битола, ЕСМ, МЕПСО, Министерството за здравство, нивите купувани долж трасата за автопатот Скопје – Блаце и мноштво предмети за кои известуваа медиумите.
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, не презема мерки за значајни предмети и покрај јавните докази за криминални активности и корупција“, истакнуваат во соопштението.
Според партијата на власт, неактивноста на Јавниот обвинител доведува до незадоволство кај граѓаните од правосудниот систем, наместо да обезбедат правда тие комплетно го блокираат правосудството, а поради таквите постапки довербата на граѓаните во судскиот систем е 2 проценти.
Оценуваат дека ЈО на чело со Љупчо Коцевски наместо да го санкционира криминалот ги штити политичките елити блиски до СДС и ДУИ, со што предизвикува ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции. Во Македонија неопходно е правдата да завладее, неопходни се коренити реформи и трансформација на судскиот систем.
Македонија
Мицкоски во дводневна посета во Сојузна Република Германија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани од денес и во наредните неколку дена ќе присуствува во Сојузна Република Германија на Минхенската безбедносна конференција.
61 Минхенска конференција се одржува од 14 до 16 февруари каде ќе овозможи висок дијалог за клучните надворешни и безбедносни предизвици кои се актуелни прашања на политичките лидери.
На конференцијата ќе присуствуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс и државниот секретар Марко Рубио.
За време на Конференцијата премиерот Мицкоски се очекува да има средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, со претседавачот на Минхенската конференција амбасадорот Кристоф Хојгенс, со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и други политички лидери.
Претседателот на македонската Влада, Мицкоски ќе биде говорник и ќе земе учество на финалниот настан од затворањето на конференцијата посветен на ЕУ пристапните преговори на Западниот Балкан, како и панел дискусијата на Форин Полиси каде ќе говори за геополитиката, енергетската сигурност и улогата во промените на глобално ниво.
Мицкоски ќе ја искористи приликата за лобирање и прикажување на реалната слика од пристапните преговори на државата во поглед на европските перспективи, како и план за развој и економски достигнувања како дел од напорите за економски прогрес и сигурност на граѓаните.
Скопје
Дел од Карпош и Гази Баба без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улиците Будимпештанска и Љубица Георгиева (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од с.Стајковци, место викано Попово Маало.(општина Гази Баба)