Контакт

Македонија

Милошоски: Ако не се смени светото тројство МАЛМЕД, веледрогерија Пановски, Министерство за здравство, скандалот со Онкологија ќе ни се повтори

Објавено пред

Прашање на месеци и на години е кога ќе ни се повтори скандалот со Онкологија доколку не се смени системот кој го изградиле МАЛМЕД, веледрогеријата Пановски и Министерството за здравство, предупреди денес пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој, на денешната седница на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија, ја праша актуелната директорка на Клиниката за радиотерапија и онкологија Виолета Клисаровска дали знаела дека докторката Снежана Смичкоска е во партнерска заедница со сопственикот на веледрогеријата Пановски која набавува најголем дел од лековите за Клиниката.

dobivaj vesti na viber

„Да секако дека знаев меѓутоа професорката работи години наназад. Целиот свој работен век била во Клиниката. Да, тој податок го имам, нема зошто да кријам“, одговори директорката Клисаровска.

По ваквиот нејзин одговор Милошоски рече дека токму Смичкоска била директорка во сенка на Клиниката и акционер на веледрогеријата Пановски.

„Веледрогеријата Пановски има свој акционер во Клиниката. Невенчаната сопруга на сопственикот на веледрогеријата Пановски која што и 2006 година и претходно беше директорка на оваа Клиника и за која што имаше кривична пријава по која што никогаш не се постапи била секогаш акционер на веледрогеријата Пановски внатре во Клиниката за онкологија. И кој е кругот? Почнува со МАЛМЕД. Во МАЛМЕД се утврдува кој има дозволи, кој има лиценци, кој смее да увезува и тука доминира веледрогеријата Пановски. Тука се создава структурата на неговата моќ и доминантност во понудата на лековите. Вториот дел е министерот за здравство. Министерот за здравство Венко Филипче досега бил најуслужливиот министер кон веледрогеријата Пановски пресметано и во бројки со милиони евра профит и добивки секоја година. Клиниката за онкологија и директорите се најмалиот дел и најневлијателниот играч кој мора да игра по правилата на МАЛМЕД и на министерот за здравство и да ја одржат доминацијата на веледрогеријата Пановски. Не може да ја сменат, во спротивно ќе бидат сменети“, рече Милошоски.

Тој смета дека на клиниката имало конфликт на интереси оти Смичкоска, како невенчана сопруга на сопственикот на веледрогеријата Пановски била дел од конзилиумот на Клиниката и од внатре одлучувала за набавките.

Директорката Клисаровска потврди дека Смичкоска била дел од конзилиумот, но извести дека веќе е во пензија.

„Во однос на учеството на професорката Снежана Смичкоска во конзилиумот, додека професорката беше во редовен работен однос во нашата Клиника како раководител на еден од клиничките оддели, беше член на конзилиумот, Тоа беше до 30 септември откога докторката е во пензија и не е повеќе член на онколошкиот конзилиум“, рече директорката Клисаровска.

Таквиот начин на функционирање, според Милошоски треба да се смени за да не се повтори скандалот со Онкологија.

„Моќта е толку голема што ние стануваме заложници на еден систем кој ќе го разрешиме за пет или десет дена 20 дена од денес со одредена политичка одговорност, ќе одговараат поединци со име и презиме, но доколку не се смени системот МАЛМЕД, веледрогерија Пановски, Министерство за здравство, тоа свето тројство кое во моментов заради профит создава канцер во здравството, мислам дека само прашање е на месеци и на години кога ваков скандал ќе ни се повтори“, рече Милошоски.

Директорката Клисаровска, која пред пратениците објаснуваше дека не може да ја смени веледрогеријата, рече дека конкуренција за набавка на лековите би била од директна корист за клиниката оти ќе значи и намалување на цената што за нив ќе значи многу оти секој ден се во трка за наоѓање лек повеќе.

Македонија

Во срспската амбасада во земјава отворена е Книга на жалост за загинатите на железничката станица

Објавено пред

Книга на жалост е отворена за јавноста во просториите на амбасадата на Република Србија во Скопје, по падот на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад, пришто животот го загубија 14 лица.

dobivaj vesti na viber

Книгата на жалост ќе биде отворена до 4 ноември, во период од 12 до 18 часот, информираа од амбасадата.

Српската влада го прогласи денешниот ден за Ден на жалост во Србија.

Меѓу загинатите на железничката станица е и Васко Саздовски од Македонија – 45-годишен научник којшто работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Премиерот најави помош за семејството на загинатиот Васко Саздовски во Нови Сад

Објавено пред

Ќе направиме сѐ што е потребно за да ја ублажиме болката на семејството на загинатиот македонски државјанин во вчерашниот немил настан во Нови Сад“, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање, по надзорот на патниот правец Прилеп-Битола, како дел од Коридорот 10д.

dobivaj vesti na viber

Прашан дали државата ќе му помогне на семејството на загинатиот македонски државјанин, премиерот рече дека уште во текот на вчерашниот ден министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил комуникација со неговиот српски колега.

– Во текот на вчерашниот ден се слушнав и комуницирав со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој воспостави комуникација со неговиот колега, работиме и ќе направиме сѐ што е потребно за да ја ублажиме болката поради овој немил настан, рече Мицкоски.

Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што се урна бетонски покрив од зградата на станицата, се наоѓаше и Васко Саздовски од Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ахмети до Мицкоски: Не бараме учество во Владата за да избегаме од било каква измислена одговорност

Објавено пред

Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања и да утврдат по една и пол година од вашата Влада за кој пат се“, напиша претседателот на ДУИ, Али Ахмети на неговиот фејсбук-профил како одговор на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски за заеднички парламентарни и локални избори во октомври 2025 година. 

dobivaj vesti na viber

Демократската унија за интеграција, објави Ахмети, ја доби апсолутната поддршка од граѓаните во сите изборни процеси од 2002 до 2024 година. Како резултат на изборните победи низ годините, посочува, бевме во владини коалиции заедно со СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, но и со Алијансата за Албанците, Беса, Алтернатива, ДПА, додека другите експоненти беа дел од нашата одговорност во овие 22 години, во нашите заеднички коалиции. Заедно ги делевме обврските, сработеното и нестореното, објави Ахмети, додавајаќи дека ДУИ не ги смениле ставовите, туку сите други ги смениле позициите во зависност од околностите, како што пишува, дали се со нас во коалицијата или не.

„Затоа, не бараме учество во Владата за да избегаме од било каква измислена одговорност во континуитет во овие 22 години, која одговорност секогаш се споделувала со вас, туку да го почитуваме гласот на суверенот, да се престане со понижувањето на Албанците, да ја интегрираме земјата во Европската унија, за добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, за целосен ветинг на политичарите, судиите, обвинителите, олигарсите, процесот на приватизација, како и меѓународно мониторирана неселективна правда“, напиша на фејсбук Ахмети.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите

Спасена е жена која три дни седела заглавена во автомобил со мртвото тело на свој роднина откако ги погодила смртоносната...

Македонија9 часа

Во срспската амбасада во земјава отворена е Книга на жалост за загинатите на железничката станица

Книга на жалост е отворена за јавноста во просториите на амбасадата на Република Србија во Скопје, по падот на натстрешницата...

Македонија11 часа

Ахмети до Мицкоски: Не бараме учество во Владата за да избегаме од било каква измислена одговорност

„Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања...

Македонија12 часа

Мицкоски до ДУИ: За избори ќе се подготвуваме кога ќе дојде време, сега подгответе се за одговорност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска им порача на ДУИ да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време ќе...

Македонија13 часа

Македонецот Васко Саздовски е меѓу загинатите во Нови Сад

Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓал...

Топ14 часа

Должничко-доверителски односи можен мотив за убиството во Арачиново

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е...

Македонија16 часа

Во сопствениот дом била убиена 29-годишната жена од Штип

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на...

Свет17 часа

Хуманост на дело: Над 13.000 Шпанци волонтираат во Валенсија по големите поплави

Повеќе од 13.000 Шпанци се приклучија на волонтерски групи за да им помогнат на луѓето погодени од поплавите во регионот...

Топ1 ден

Два лица повредени во престрелка во Арачиново

Вечерва на Клиника со повреди од огнено оружје биле примени две лица од Арачиново. Според МВР на 01.11.2024 околу 19...

Македонија1 ден

АХВ: Од 41 дом за стари лица 14 не биле регистрирани – уништени 40 килограми небезбедна храна

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 29 до 31 октомври спроведоа вонредни инспекциски надзори во 41...

Македонија2 дена

Двајца пациенти добија бубрези од починат донор, ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа

Вчера, на хируршките клиники e изведена уште една трансплантација на органи од починат донор. Благодарение на хуманиот чин, храброста и...

Македонија2 дена

(Видео) Фијаско на замрзнатите маржи – Владата без решение за високите цени, рече Кузеска

„Сведоци сме на уште едно разочарување од страна на Владата на Мицкоски. Со голема помпа најавената мерка за замрзнување на...

Македонија2 дена

ДУИ: Мицкоски да ги објави СМС-пораките денес

„Премиерот на Владата без етнички легитимитет Христијан Мицкоски и по цели 12 часа не ги објави своите тврдења за СМС...

Европа2 дена

Шпанија се подготвува за нови дождови, најмалку 158 луѓе загинаа во катастрофата

Шпанската метеоролошка служба (АЕМЕТ) издаде жолти и портокалови предупредувања за тешко погодените Валенсија и Кастелон. Дождот, иако не се очекува...

Македонија2 дена

Прифатени аргументите на министерот Николоски за пругата кон Бугарија, соопшти Министерството за транспорт

„Вчера во Софија се одржа состанок на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија во однос на железничкото...

Свет2 дена

(Видео) Нови израелски напади на јужен Бејрут

Израел изврши воздушни напади во петокот рано наутро врз јужните предградија на Бејрут, први напади врз градот по речиси една...

Македонија2 дена

Почина Зоран Василевски – Зоки Фаци

Утрово, по долга борба со ракот, во 6.40 почина македонскиот естраден новинар Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци. Веста за...

Европа2 дена

Шефот на американската дипломатија: Русија ги обучува севернокорејските војници во артилерија, беспилотни летала

САД очекуваат пристигнување на севернокорејската армија во руската област Курск, која треба да започне да војува против Украина во наредните...

Европа2 дена

Сателитските снимки ги покажуваат областите пред и по поплавите во Шпанија

Сателитски снимки на НАСА покажуваат колку поплавите ја погодија Валенсија и околните градови. Сликите направени на 30 октомври покажуваат големи...

Македонија2 дена

Зголемен бројот на случаи со лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат пораките

Во врска со зголемениот број на измами што годинава беа забележани, а кои опфаќаат фишинг-напади и случаи на лажно претставување...