Македонија
Милошоски: Заев и Бучковски заедно ќе тргуваат со македонските национални интереси

Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на обраќањето пред Владата на денешниот протест „Оставка за Заев, слобода на народот“ рече дека сега Зоран Заев и Владо Бучковски како едни од најкорумпираните политичари заедно ќе тргуваат со македонските национални интереси.
„Ако до вчера бевме сигурни дека Заев е подготвен да ги распродаде националните интереси на Македонија како еден од најкорумпираните политичари, денес со Бучковски како тандем на најкорумпирани политичари во Македонија, дефинитивно не може да направат ништо, освен да тргуваат со националните интереси. Морам да изразам жалење што еден од нив, господинот Бучковски, како професор на Прaвниот факултет поради лукративни причини се вклучува во оваа опеарција за неправда кон Македонија“, рече Милошоски.
Милошоски напомена дека тие двајцата имаат едно нешто заедничко – едниот аболиран за својот криминал, а другиот одбегна да отслужи правосилна пресуда.
„Затоа, нашиот апел денес е не само оставка од заев, Османи и од Димитров, туку и оставка од Бучковски од позицијата што не ја заслужува, никој во државата не смета дека тој може да биде претставник во Бугарија. Тој нема легитимитет бидејќи ниту Владата нема легитимитет“, ијави Милошоски.
Милошоски истакна дека државниот секретар на МНР рече дека се водат преговори со Бугарија, но дека не се тајни. Според Милошоски, ако не се тајни, зошто тогаш Заев, Димитров и Османи бегаат од пратениците и од Собранието како средношколци неподготвени и бегаат од часовите по математика.
„Затоа, почитувани пријатели, кога зборуваме за национални интереси, Владата треба да биде отчетна пред Собранието затоа што таму има пратеници избрани од народот“, рече тој.
Милошоски укажа дека бегањето од Собранието е само доказ дека прават нешто тајно и не им е во интерес да го објават и да чуе јавноста. „Доколку тие не дојдат во Собранието, тогаш народот ќе дојде пред Владата и пред МНР додека не си дадат оставка“, рече Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
15 починати и 356 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-171, Куманово-12, Тетово-19, Прилеп-15, Гостивар-6, Штип-7, Битола-4, Велес-10, Охрид-20, Струмица-8, Кавадарци-19, Струга-10, Кочани-2, Кичево-10, Свети Николе-1, Гевгелија-3, Неготино-3, Ресен-3, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Берово-4, Делчево-3, Пробиштип-7, Виница-3, Демир Хисар-1, Кратово-1, Крушево-4, Македонска Каменица-1, Пехчево-2 и еден во Демир Капија.
Институтот за јавно здравје денеска регистрирал 587 оздравени пациенти од Скопје-426, Куманово-18, Тетово-7, Прилеп-12, Гостивар-14, Штип-8, Битола-11, Велес-13, Струмица-13, Кавадарци-19, Кочани-6, Кичево-8, Свети Николе-1, Гевгелија-2, Неготино-2, Крива Паланка-8, Радовиш-6, Берово-3, Пробиштип-5 Богданци-2 и по еден во Валандово, Кратово и Пехчево.
Починати се 15 лица, пет пациенти од Скопје (65, 64, 82, 60 и 66 години), еден од Куманово (73), три пациенти од Тетово (78, 36 и 61 година), еден од Прилеп (69), еден од Кавадарци (73), еден од Кичево (51), еден од Крива Паланка (79), еден од Делчево (46) и еден пациент од Кратово (59). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.817, бројката на оздравени пациенти е 75.387, на починати е 2.754, а бројот на активни случаи изнесува 11.676. Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 39.024, активни 6.767
• Куманово 5.062, активни 429
• Тетово 4.994, активни 463
• Прилеп 4.497, активни 269
• Гостивар 3.552, активни 308
• Штип 3.454, активни 166
• Битола 3.178, активни 219
• Велес 2.980, активни 307
• Охрид 2.684, активни 387
• Струмица 2.487, активни 360
• Кавадарци 2.430, активни 365
• Струга 2.162, активни 185
• Кочани 1.704, активни 116
• Кичево 1.681, активни 151
• Свети Николе 1.062, активни 48
• Гевгелија 957, активни 117
• Неготино 948, активни 155
• Дебар 725, активни 106
• Ресен 715, активни 116
• Крива Паланка 708, активни 66
• Радовиш 679, активни 50
• Берово 571, активни 52
• Делчево 541, активни 157
• Пробиштип 489, активни 35
• Виница 479, активни 43
• Валандово 325, активни 23
• Демир Хисар 242, активни 14
• Македонски Брод 239, активни 14
• Богданци 214, активни 30
• Кратово 210, активни 14
• Крушево 196, активни 37
• Македонска Каменица 190, активни 48
• Демир Капија 180, активни 37
• Пехчево 177, активни 15
• Дојран 81, активни 7
Направените 1.906 тестови се преку: ИЈЗ-468, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-183, Биотек-134, МАНУ -120, Жан Митрев (Филип Втори)-83, Систина со PCR метода -166, лабораторија Лаор –52, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-60, Инфективна клиника-5, Синлаб-38, Ремедика-16, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -504, УК Пулмологија со алергологија –1. Досега во земјата се направени вкупно 437.267 тестирања на Ковид-19.
Македонија
(Видео) Мицкоски побара поддршка и од Пленковиќ: Граѓаните заслужуваат стабилност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот на партијата, Александар Николоски, денеска, во Загреб, имаа средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, и со министерот за надворешни и европски прашања на Хрватска, Гордан Грлиќ – Радман.
На средбата Мицкоски побара од Хрватска да го поддржи деблокирањето на европските интеграции на државата посочувајќи дека, покрај ветото од источниот сосед, граѓаните не заслужуваат да бидат заложници на неспособната влада на чело со Зоран Заев, која не може да испорача резултати.
„Ветувањата наспроти делата покажуваат дека Македонија се соочува со растечка сиромаштија, пропадната бизнис-клима и галопирачка корупција. Додека регионот и светот се рекордери по успеси и достигнувања, Македонија е рекордер по украдени избори, попис, кој е фалсификат во најава, потрошени пари за поткуп, партизирано судство и селективна правда. Сето ова граѓаните ги прави несреќни и е јасен показател дека мора да се променат работите“, истакна Мицкоски, кој додаде дека граѓаните заслужуваат стабилност и големи чекори напред.
Мицкоски му се заблагодари на Пленковиќ за поддршката најавувајќи дека Македонија е подготвена за промени, за борба за обезбедување на иднината и за рестартирање на општеството.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со ова ја заокружува дипломатската регионална посета, при што за четири дена се виде и оствари значајни средби со тројца премиери: премиерот на Хрватска – Андреј Пленковиќ, премиерот на Словенија – Јанез Јанша и премиерот на Унгарија – Виктор Орбан.
Македонија
Наставниците ѝ даваат зелено светло на реформата

Новата концепција за основно образование што ја нуди Министерството за образование и наука ни дава можност да ја покажеме нашата креативност и да се докажеме како наставници преку поголемата слобода во изведување на воспитно-образовниот процес. По години назадување, на реформата гледаме како можност за промена на образовниот систем и приближување до најдобрите образовни системи во Европа и светот, рекоа наставниците по средбата со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група во рамките на широкиот консултативен процес за предложените реформи во основното образование.
Професорката Елена Масторидис од ОУ „Лазо Трповски“ во Карпош рече дека првпат по 30 години работно искуство, се појавила министерка која овозможила да се чуе гласот на наставниците и тие да дадат придонес врз основа на искуството за да може новата концепција успешно да почне во септември 2021.
Ставот на наставницитe е дека промените се прават во најдобар интерес како на наставниците така и на учениците.
„Сметам дека апсолутно треба да ја поддржиме, да ја прифатиме, да ѝ дадеме зелено светло на новата концепција кшто ја нуди Министерството, на кој начин ќе можеме да се докажеме и ние како наставници, нашата креативност, и сè она што досега ни било ограничено, а имаме поголема слобода во изведување на тој воспитно-образовен процес и во остварување на нашите цели“, рече Марина Видикова од ОУ „Тоде Хаџи Тефов“ од Кавадарци.
И Рухи Демири од ОУ „Луиѓ Гаракуќи“ од Желино ги поддржува промените во образовниот систем бидејќи „со нив добиваат учениците, наставниците и сите директно вклучени во системот на образование“. Тој очекува со новата концепција подобра и поквалитетна настава, а со тоа и подобра иднина.
Реформата на основното образование ќе придонесе за враќање на изгубената вредност на професијата наставник, ќе ги мотивира најдобрите ученици да сакаат да бидат наставници, а оние што веќе се во образованието добиваат можност за напредок и развој.
За наставниците, целосно е прифатливо фокусирањето на професионалниот развој, што значи напредок во кариерата, повисоки примања и подобри услови за работа. Рекоа дека овие промени наставниците ги бараат со години и сега, со реформата, конечно ќе се реализираат. Сметаат дека промените ќе значат квалитативен исчекор, токму затоа што наставниците се вклучени од самиот почеток во подготвување на реформата и што нивните мислења се целосно имплементирани.
Наставниците истакнаа дека за нив е клучно што сите наставници по сите предмети продолжуваат со работа, но на еден поинаков начин, преку соработка меѓу себе и заедничко оценување. Ќе следат тримесечни темелни обуки со цел успешно имплементирање на реформата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот