Македонија
Министерството за здравство ќе поднесе жалби против медиумите кои шпекулирале за тендерите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/filipce1.png)
Министерството за здравство ќе поднесе жалби против медиумите кои во изминатиот период објавиле непотврдени информации во врска со тендерските јавни набавки. Од министерството сметаат дека таквите објави нанеле штета на целиот процес на тендерските набавки, а штетата е нанесена и на Министерството за здравство.
„Со цел спречување натамошни шпекулативни медиумски објави, Министерството за здравство ќе реагира преку соодветните медиумски и новинарски инстанции, Советот за етика и Советот на честа, односно со испраќање претставки до овие тела. Оваа одлука е во насока на правилно и точно информирање на јавноста и со цел да не се изнесуваат неточни, произволни информации и заклучоци во врска со работата на министерството“, велат од Министерството за здравство.
Од таму нагласуваат дека Министерството за здравство спроведува јавна и одговорна политика во врска со јавните набавки, а транспарентен однос развива кон медиумите и нивната улога во информирање на јавноста. Во таа насока велат дека се отворени за сите прашања и потребни информации за медиумите.
„Работата на Министерството за здравство се одвива според правната и законска регулатива на Република Северна Македонија и истото е потврдено и од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, преку јавно објавената одлука во која се кажува: По сеопфатно проучување на прибраниот доказен материјал во врска со наводните неправилности при тендери на Министерството за здравство, обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажува дека нема сомнение за кривично дело, што значи дека запира предистрагата“, велат до Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.