Македонија
Мисајловски: Скратете ги расипничките политики и се она што не е во функција на решавање на последиците од корона кризата
Владо Мисајловски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на собраниската дебата за вториот ребаланс на буџетот рече дека власта посочува оти има пари за последиците од корона-кризата, но лаже.
„Вие велите за корона-кризата има пари, но не е така. На пример, за инфраструктура нема пари, но има за министри, за нивни родители, роднини. Во оваа држава сè е наопаку. Институциите се на апарати за дишење, нема пари за плати, нема пари за ништо. Здравство едвај функционира. Жално е што вие како пратеници од власта правите политикантство и тоа го правите дури и сега во оваа корона-криза. Незрело е однесувањето на вашиот министер Венко Филипче. Велевте ниеден доктор не треба да го гледаме никако поразлично, освен како доктор. А што направи вашиот министер со морбидното, срамно видео? Ги навреди сите, токму тој кој треба да се грижи за сите. Со вакви политики од министер кој плука по сите, тоа е срамно за државава“, рече Мисајловски.
Мисајловски посочи дека власта во ваков период на сериозна криза предизвикана од корона нема никаков план и за ништо.
„ Немате стратегија што ќе се случи потоа, велевте ќе има нови бранови, а кај нас бранот никогаш не запре, само се зголемува. А вашите политичари што прават, се потсмеваат со сите кои мислат поинаку“, рече пратеникот.
Според Мисајловски, за корона-кризата прво треба да се слушне зборот на медицинската фела, а не како што рече „на оној Караџовски кој вика по телевизии“.
„Затоа опозицијата ќе поднесе предлог и ќе видите како треба да се одвива работата на една стручна комисија за заразни болести. Кај вас сè е купи ден продај, нема стратегија за ништо. За сè ја обвинувате опозицијата, за корона, за буџет…“, кажа Мисајловски.
Мисајловски укажа дека власта нема план ниту како да го полни буџетот, ниту овој, ниту оној што треба да се планира за следната година.
„Со кој капитален проект ќе го полните буџетот, еве имате ли план за следната година за буџетот и како ќе го полните?Дали имате предвидливост за економијата, дали има излез? Сите почнуваат со сериозни и прецизни мерки, а имаат стабилни институции. Скратете ги расипничките политики и сè она што не е во функција на решавање на последиците од корона-кризата“, рече Мисајловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

