Македонија
Мицкоски за можно помирување со СДСМ: Не забораваме, за криминалците во политиката помирување ќе има само кога ќе се соочат со одговорност
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи ги анкетите што излегоа во јавноста и одговарајќи на прашањето дали е можно помирување со СДСМ, истакна дека анкетите се јасни, а СДСМ, како што рече, наместо кукавички да бегаат, да излезат на избори и да се соочат со народот бидејќи тоа е најголемата анкета.
„Јасни се мерењата на јавното мислење дека ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од два пати предност во однос на СДСМ. Историски најголема до сега тоа не се случило да опозициска партија има толкава разлика во однос на владејачка парија претпоставувам дел си има влијание и тоа што тие така измеќарски и поданички се однесуваат во однос на Демократската унија за интеграција па народот не гледа таму перспектива ниту пак визија. Јасна е разликата во квалитет, јасна е разликата во понуда и во испорака, е сега тоа што кај СДСМ предизвикува паника, па во паника креираат штапски анкети и има некои медиуми кои што тие штапски анкети блиски до СДСМ и ДУИ ги лиферуваат тоа е веќе нивен проблем. Јас често пати зборувам јавно, јасно и гласно дека наместо кукавички да бегаат, најголемата анкета е соочувањето со народот“, рече Мицкоски.
Можеби, како што рече, тие објективни јавни мерења не се точни „можеби тоа што тие го креираат штапски е точно, има еден начин да покажеме какви се вистинските бројки а вистинските бројки се кажуваат на избори“.
„Повторно ќе ги повикам кукавиците од СДСМ да се соочат јавноста да не се кријат и да излезат и од таа анкета нема бегање. Дали ние како ВМРО-ДПМНЕ или тие како СДСМ ќе го дознаат вистинскиот резултат и вистинските бројки. Што се однесува до помирувањето ние немаме проблем со никого да седнеме да разговараме. ВМРО-ДПМНЕ е демохристијанска партија подава рака секому, ние помниме, не забораваме но простуваме, но за криминалците во политиката помирување ќе има тогаш кога најпрвин ќе се соочат со одговорност за криминалот и за сето тоа што го направија на овој народ и на Македонија како држава. Дури кога ќе се соочат со таа одговорност може да седнеме и да разговараме за било какви понатамошни помирувања, до тогаш тоа е само желба на тие политички криминалци, кои што на грбот на овој народ станаа од под просечни бизнисмени, просечни бизнисмени па и милионери“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.