Македонија
Мицкоски и Ахмети не дојдоа на дебатата за една изборна единица
Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, не се присутни на собраниската дебата за една изборна единица, иако како што рече претседателката на ДOM, Лилјана Поповска, покана била испратена на сите лидери на политичките парти.
Поддршка на дебатата единствено дојде да даде претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Ги поканивме сите тројца лидери на големите парламентарни партии, ДУИ, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Бараме поддршка од сите, промените на изборниот модел треба да ги донесеме заеднички. Според нас, ова е најдобриот модел, најфер за сите, затоа и сметаме дека на сите ќе им одговара“,рече Поповска.
На дебатата, покрај 12 пратеници кои се иницијаторите на ова идеја, присутни се независните пратенички Емилија Александровска и Нола Смајловска-Исени, Даниела Рангелова од ВМРО ДПМНЕ, како и пратеникот Амди Бајрам. Свој претставник на дебатата пратија од Алтернстива на Африм Гаши, ПЕИ и Турската демократска партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

