Македонија
(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/75553003_1420186728135701_485102455705567232_n.jpg)
Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, врз основа на компаративна анализа што ја направила партијата.
„Доколку не се случеше бришење на членот во Законот за исплата на пензиите со важност од 1.1 2019 година, пензионерите во периодот од 1.1.2019, заклучно со 31.12.2020 година, ќе имаа 1.100 денари повисока пензија во споредба со пензијата што ќе ја примаат од 1.1.2020 доколку под услов оние ветени 700 денари бидат исплатени, или 400 денари помалку“, рече Мицкоски.
Според него, ако се земат предвид трошоците за живот, зголемувањето на просечната плата и куповната моќ на граѓаните, произлегува дека за 2019 година секој пензионер ќе загуби по 6.900 денари, а наредната година пензионерите ќе загубат по 5.972 денара.
„Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемуваат пензиите, туку, напротив, со бришење на законот и интервенирање во законот, каде што се нивелираат пензиите, со порастот на просекот на платата, тие ги намалуваат пензиите. Ќе го повикам секој пензионер во Македонија да не верува во ниските страсти, измамите и погрешните политики на Зоран Заев и Владата. Тоа е политика на клиентилизам, која со многу помалку од тоа што природно и законски ви следува сакаат да го добијат вашиот глас, да го корумпираат со невистини и сеење магла“, им порача Мицкоски на пензионерите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.