Македонија
Мицкоски: Ќе почнеме со ветинг од политичарите зошто не се сите исти, има и чесни

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од скопски Карпош порача дека на 15 јули се одлучува каква држава сакаме, држава со корупција, криминал или обновена со чесни луѓе.
„ На помалку од две недели од сега на 15 јули граѓаните ќе треба да одлучат во каква држава сакаат да живеат, држава со криминал, корупција или она што го велиме политичко мочуриште или држава со напредни прогресивни сили со чесни луѓе. Тие имаат истрошени политичари, но некако на грбот на народот се уште опстојуваат и немаат што да понудат, ние имаме амбициозни и мотивирани да се справат со предизвиците. Ја чувствувам енергијата на народот кој е за промени, кој сака да си ја врати државата која му беше киднапирана. За тоа да се случи треба масовно, рано наутро да излеземе и да гласаме да заокружиме број 14, да заокружиме за победничката листа. Почетокот на патот е на 15 јули и секој од нас ќе има прилика позади параванот гласно да зборува“, рече Мицкоски.
На граѓаните, Мицкоски им посочи, дека политичкиот противник веројатно ќе дојде и ќе се колне во жицата, во семето, и ќе ве убедуваат дека сега можеле повеќе. Можеа, да можеа, ама не е логично додаде тој, да велат дека им требаат сега уште четири години.
„ Можеа реформи, можеа повисоки плати, пензии. Можеа подобра реформа во судството, а не да бидеме хибриден режим. На дното на Европа сме, можеа наместо да распродаваат достоинство и чест, можеа да напарават подобри договори. И да наместо правда донесоа по некоја Луј Вутон чанта и по некоја трас-трас одлука во судството. Само неправда, срам, понижувања и омаловажувања донесоа. Тоа е таа е суровата реалност, а јас ја одбивам и правам се да ја променам. Треба масовно да се спротивставиме на оваа корупмирана власт, која не пљачкосува и срами, и убеден сум дека тоа ќе смени“, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на неколку економски показатели со кои укажа како се однесуваа оваа власт.
„ Неколку бројки кои ја отсликуваат економијата се следниве, индустриското производство во мај годинава е за 27 проценти помало од истиот период во 2019 година. Потоа, бројката на работници во индустријата е за 5 проценти помала во април, мај од истиот период минатата година. Дефицитот е 26 милијарди денари пари потрошени во обид за поткуп, повеќе од 420 милиони евра заклучно со 30 јуни се потрошени, толку тежи обидот на Зоран Заев да тргува на овие избори“, кажа Мицкоски.
Ова народот го гледа, рече Мицкоски и додаде, „затоа народот ќе им го заврти грбот“. Мицкоски укажа дека ВМРО – ДПМНЕ реформата ќе ја започне од самите политичари.
„ Ние нема да почнеме од судството, туку од политичарите. Тој што се огрешил ќе одговара, ние ќе почнеме од политичарите, ветинг за нив, да видиме кој, како ќе се богател додека работел, како преку ноќ стануваат велепоседници во оваа држава, како цути семејниот бизнис. Еве јас се пријавувам прв да има податоци за мене и за моето семејство, но ќе треба сите по ред. Не можеме да правиме држава ако не знаеме кој се богател на маката на народот, зошто не се сите политичари исти, има и чесни луѓе кои ја љубат татковината, кои сакаат да испишат историја. Ние сме многу различни од нив и тоа заедно ќе им го покажеме на 15 јули. И следниот пат ќе зборуваме за отчетот што сме направиле од читанката Проект – Обнова во кој има и 25 проценти повисока плата, но со јасна методологија и план и 20 проценти раст на пензии, и инвестиции …“, рече Мицкоски укажувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ и во вакво тешко време може да направи реформи.
На крајот тој ги повика сите граѓани на 15 јули рано наутро, да излезат и да гласаат да се стави крај на обезличувањето, корупцијата криминалот, а тоа како што потенцираше ќе се направи со заокружување на број 14.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Семејство завеано во викендичка на Попова Шапка, без струја и без храна

Четиричлено семејство од Скопје останало заглавено во викендичка на Попова Шапка, бидејќи поради големите снежни навеви пристапот бил отсечен.
За случајот ја информирале тетовската полиција, која излегла на терен за да ги евакуира.
Во куќата беа двајцата сопружници и две малолетни деца и тие не можеа да излезат надвор и да заминат кон Скопје, велат од полицијата.
Во викендичката немало ни електрична енергија, ниту, пак, резерви од храна и огрев.
Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка се упатиле кон викендичката за да ги евакуираат лицата, а во меѓувреме во координација со локалната самоуправа била ангажирана и потребната механизација за пробивање на пат.
Членовите на семејството потоа биле безбедно пренесени до нивниот дом во Скопје.
Утрово од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека на Попова Шапка има највисока снежна покривка, 40 сантиметри.
Македонија
Филипче: Ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини од Кина

Владата ја разгледува можноста за набавка на вакцини од Кина. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот се чекаат детали во однос на цената и на испораката.
„До крајот на неделата верувам дека сите овие информации ќе ги имаме. Мораме да работиме на сите полиња за да обезбедиме интегрален процес, без пауза од моментот кога ќе почне имунизацијата“, вели министерот.
Филипче додаде дека властите во меѓувреме остануваат посветени на реализација на набавките за вакцините преку механизмот Ковакс и во директните набавки од компанијата „Фајзер“, но факт е дека компаниите се соочуваат со проблеми во испораката и доцнење на вакцините во целиот свет и во Европа.
Македонија
Санкционирани 218 возачи за еден ден во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 218 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 21 меркa за користење мобилен телефон, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 12 мерки за некористење сигурносен појас, 15 санкции за непочитување на брзината на движење, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум за непрописно престигнување и 79 мерки за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот