Контакт

Македонија

Мијалков доби нови 30 дена притвор за „Империја“

Објавено пред

Судијката Весна Димишкова доцна вечерва му определи 30 дневен притвор на ексдиректорот на тајната полиција Сашо Мијалков, по барање на СЈО, дознава „Макфакс“. Попладнево околу 15 часот Мијалков беше спроведен од затворот Скопје во кривичниот суд, придружуван од десетина припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). Притворот за Мијалков му е определен поради влијание врз сведоци и опасност од бегство.

Неговиот адвокатски тим има 24 часа да поднесе жалба на решението до кривичниот совет на скопска единица. За Мијалков во моментов има 4 активни обвиненија за случаите: „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“ и „Титаник 2“, како и истрагата за случајот „Империја“.

Мијалков е во притвор од 20 ноември на барање на специјалното јавно обвинителство за случајот со масовното прислушување. Ова е прв случај на СЈО да се бара нов притвор за лице кое веќе се наоѓа во притвор.

Во „Империја“ триесетдневен притвор добија пет осомничени лица. Во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари се бизнисменот Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на Пелагонија Цветан Панделески, како и директорот на фирмата Ексико Тодор Мирчевски.

Во овој случај, СЈО поради основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело, гони 14 лица, а истрагата најавија дека ќе се проширува.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Објавено пред

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје вели дека патниците кои од Кина ќе влезат во државата, ќе добијат инфмормации што да прават доколку имаат некои од симптомите на вирусот. Микиќ вели дека постојат индиции за ограничени пренесувања на вирусот од човек на човек.

„Сè уште се испитува колкаво е значењето на овој начин на пренос бидејќи тоа повлекува други заштитни мерки. Нема потреба од паника и воведување посебни мерки. Комисијата заклучи дека ќе се изготват дополнителни информативни материјали и ќе ги доставиме до аеродромот во Скопје за патниците во смисла кои мерки треба да ги преземат оние што патуваат во Кина. Тие треба да избегнуваат пазари, каде што има диви и домашни животни, да избегнуваат блиски контакти со оние што имаат инфекција и, секако, доколку и тие самите имаат респираторна инфекција, да избегнуваат густо население. Сè уште нема информација дека вирусот лесно се шири од човек на човек“, вели Микиќ.

Статистиките покажуваат дека засега смртта е на пониско ниво, но, според Микиќ, прерано е да се коментира за ова прашање. Термалната камера на аеродромот во Скопје засега нема да биде вклучена, вели докторот, додавајќи дека таа мерка е многу малку ефикасна.

„Термалната камера се вклучува и се исклучува на аеродромот во таргетирани летови што доаѓаат од одредени градови. Само мал дел земји имаат воведено термален скрининг. Таа мерка не е многу ефикасна и не дава големи резултати. Во моментот сметаме дека нема никаква потреба да се вклучи оваа термална камера бидејќи имаме и други заболувања кои може да дадат слични симптоми. Ризикот за импортација во Македонија е многу мал. Европскиот центар за заразни болести го оценува ризикот за импортација како средно ниско“, додаде Микиќ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се гради кружен тек во Чаир, меѓу улиците „Втора македонска бригада“ и „Кемал Сејфула“

Објавено пред

Екипите на Град Скопје денеска почнаа со изградба на кружен тек меѓу улиците „Втора македонска бригада“ и „Кемал Сејфула“, во општината Чаир. Градежните работи на новиот кружен тек се очекува да завршат за околу два месеца, во зависност од временските услови.

„Оваа локација ја одбравме токму поради тоа што густината на сообраќајот на оваа раскрсница е голема, а во близина се наоѓаат основно и средно училиште, како и Поликлиниката „Чаир“. За да ја зголемиме безбедноста во одвивањето на сообраќајот сега овде градиме кружен тек, а ќе се постави и водоводна и канализациона мрежа. Ќе бидат инсталирани и 40 нови канделабри со висина од 7 метри за да се осветли овој потег. Целата инвестиција на Град Скопје во овој проект е околу 19 милиони денари. Нашата крајна цел е во целиот град инфраструктурата рамномерно да се развива. Во минатото, овој дел од градот бил запоставен, нешто што сериозно го исправаме во изминативе две години“ рече градоначалникот Шилегов.

На почетокот на градежните работи на кружниот тек меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула присуствуваше и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Царовска: Креираме концепт за дуално образование прилагоден на локални услови

Објавено пред

Заменичката претседателка на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, заменичката министерка за образование и наука, Елизабета Наумовска и директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс го посетија Општинскиот електро-машински центар “Св. Наум Охридски” во Охрид, едно од техничките училишта во кои се спроведува проектот за дуално образование на Делегацијата на германското стопанство.

Царовска посочи дека Владата и Министерството за образование се посветени на креирање на соодветен систем на дуално и стручно образование, со коешто би се продуцирале квалитетни и добро обучени кадри, особено од техничките струки, за задоволување на понудата и побарувачката на пазарот на трудот.

“Еден од најголемите предизвици за економски раст и развој на Северна Македонија, е наоѓање на соодветен и добро обучен кадар за реалните потреби на стопанството. Во моментов спроведуваме проект за финансирање на техничкото образование, а тенденција е да креираме квалитетен систем на дуално образование, во согласност со реалните состојби и потреби на македонското стопанство. Би сакале до почетокот на новата учебна година да креираме систем кој би го имплементирале на територијата на цела држава и со кој би се создавале добро образувани и остручени кадри за потребите на индустријата”, нагласи вицепремиерката Царовска.

Заменичката министерка за образование и наука Елизабета Наумовска посочи дека министерството веќе спроведува проект за развој на вештини и поддршка на иновации (SDIS), кој се спроведува во соработка со Светска Банка, а со кој се овозможува набавка на опрема за спроведување на техничко образование.

“Преку овој проект се набавува техничка опрема за спроведување на практична настава за потребите на училиштата, во вредност од 20-30 илјади евра за секое стручно училиште, а вкупната вредност на проектот е околу 6 милиони евра. Во изминатите 2 години, многу повеќе е инвестирано во средното образование, отколку во претходните 10 години”, нагласи Наумовска.

Директорот на делегацијата на Германското стопанство, Патрик Мартенс, кои го спроведуваат проектот за дуално овразование, посочи дека е важно Владата заедно со локалната власт и приватниот сектор да работат и на креирање на систем, но и набавка на соодветна опрема за спроведување на практична настава за учениците во средните стручни училишта.

„Пред 2 години започнавме со проектот во Охрид и Кавадарци, со 4 вклучени компании, а денес проектот се спроведува во 5 града и 10 вклучени компании. Ме радува што е подигната свеста кај родителите кои го прифаќаат дуалното образование како добра опција, и навистина е така, затоа што преку овој тип на образование учениците ги добиваат потребните вештини и знаења за професии побарувани од пазарот на трудот како што се мехатроничар, машински техничар и други технички професии“ , рече директорот на делегацијата на германското стопанство Мартенс.

За време на посетата се одржа средба со директорите на компаниите ОДВ Електик, ЛТХ Леарница и Костал, како и со претставници на локалната самоуправа и наставници кои спроведуваат пракса, на кој што се дискутираше за можностите и предизвиците на дуалното образование.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија1 час

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија2 часа

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија2 часа

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија3 часа

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет3 часа

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет3 часа

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет4 часа

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион4 часа

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос поради владиното справување со мигрантите што пристигнуваат од...

Свет5 часа

Саудиска Арабија негира дека го хакирала телефонот на Џеф Безос

Саудиска Арабија ги отфрли како апсурдни пишувањата на „Гардијан“ дека го хакирала телефонот на сопственикот на „Амазон“ и на „Вашингтон...

Свет7 часа

Путин го потпиша указот, Шојгу и Лавров и во новата руска влада

Рускиот претседател, Владимир Путин, синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите...

Свет7 часа

Кина: Новиот вирус мутира, расте бројот на починати

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои...

Македонија7 часа

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на вршители на должност директори во јавните...

Култура19 часа

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Свет20 часа

Прв случај на мистериозниот вирус во САД

Официјални лица од здравствените власти го потврдија првиот случај на мистериозниот корона вирус во САД, кој уби шест луѓе во...

Спорт20 часа

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со...

Свет21 час

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Регион23 часа

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол...

Свет1 ден

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата....

Македонија1 ден

(Видео) Ѓорчев: 10.000 граѓани лани се иселиле во Германија

Речиси 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев, кој додаде...

Досие