Македонија
Мостот „Беласица“ може делумно да биде пуштен, но да не ризикуваме, вели Арсовска

Мостот „Беласица“ може да биде пуштен веднаш за пешаци, велосипедисти и една лента покажале прелиминарните резултати, рече градоначалничката Данела Арсовска. Сепак, како што рече таа, не сакаат да ризикуваат па ќе почекаат да заврши експертизата.
„Она што го имаме од експертите по овие први прелиминарни резултати би можело да се отвори и за пешаци, и за велосипедисти, па дури и две траки за возење во еден правец веднаш, но одлучивме да почекаме да ги имаме точни прецизни информации и веднаш потоа доколку треба некоја ситна санација или реконструкција да се изврши и да биде ставено во употреба. За 20 дена се очекува да заврши експертизата и тогаш ќе се знае подетално каква интервенција треба“, порача Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СВР Битола апелира до граѓаните да не палат стрништа и земјоделски површини

Битолската полиција апелира до граѓаните на подрачјето Битола да не се пали оган на отворен простор откако деновиве настанаа неколку пожари како последица од намерно запалени стрништа.
-Апелираме да не се пали оган на отворен простор, да не се палат стрништа, земјоделски површини, отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња. Доколку граѓаните забележат пожар на отворен простор најбрзо што може да го пријават во надлежните институции, апелираат од СВР Битола.
Македонија
Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O’Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкции при американскиот Стејт Департмент.
На средбата се разговараше за текот и за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на нашата држава, за реформскиот напредок, како и за политичките состојби во земјава и во регионот. Соговорниците се согласија дека е потребно да се одржи фокусот на реформите, како и подготвеноста за водење на преговорите со Европската Унија.
На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија, при што претседателот Пендаровски се заблагодари на американската поддршка за членството на Северна Македонија во ЕУ како стратешка определба на македонското општество.
Македонија
МТСП: Досегашните проекти со Светска Банка се покажаа со голем успех, продолжуваме со соработката за придобивка на граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Сара Кол-Блек, виш специјалист за социјална заштита во глобалната практика за социјална заштита и работни места во Светска банка, Бојана Нацева, виш специјалист за образование, Даниел Гароте Санчез, меѓународниот консултант за мобилност на трудот во Светската Банка и Цвета Перушеска – Јончевска Портфолио аналитичарка во Светска Банка.
На состанокот се разговараше новиот проект помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Светска Банка во делот на социјалната заштита и детската заштита. Од страна на присутните претставници на Светска Банка беше покажан интерес за поддршка на министерството и во подобрување на работата на Центрите за социјална работа. Според нив социјалните услуги ќе бидат добри онолку колку се добри во работата оние кои ги испорачуваат услугите.
Тие истакнаа дека тимот од Светска Банка кој е присутен на состанокот составен од експерти во областа на трудот, образованието и социјалната заштита можат да понудат предлог план кој ќе ги допре сите аспекти на работа на министерството.
Министерката ја покажа својата заинтересираност за продлабочување на соработката. Таа истакна дека претходната успешна соработка и влева само сигурност за цврсти чекори напред кои ќе бидат во корист на граѓаните.