Македонија
Мултимедијална кампања за Меѓународниот ден на лицата со попреченост

ЦИУЕ „Театар Пи“ – Скопје, во соработка со ЦПЛИП „Порака“ – Скопје, на 3 Декември, на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, почнува со мултимедијална кампања со наслов „Прозорците што се смеат“.
Фокусот на проектот е да се развие разбирање за тешкотиите со кои ранливите групи се соочуваат кога се обидуваат да го изразат својот глас во општество. Кај нив во изминатиот период како и кај сите граѓани се намалени комуникацијата, социјализацијата и самостојноста во извршувањето на сите активности. Со тоа лицата со попреченост може да станат поранливи. Ваквата состојба предизвикува и лицата со попреченост да станат поранливи, да се јави чувство на осаменост, која носи и други последици. ЦИУЕ „Театар Пи“ изминатиов период заедно со лицата со попреченост подготви изложба на уметнички инсталации, онлајн-музички концерт и онлајн-документарен филм.
Во текот на 2020 година лицата со интелектуална попреченост од дневниот центар „Порака“ по нивни идеи и видувања на конкретната ситуација во која живееме изработуваа цртежи и фотографии на големи дрвени прозорци, кои ќе бидат изложени на отворено на плоштадот Филип Втори до црквата „Св. Димитрија“. Изложбата се отвара од 15 часот на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, и ќе трае до 10 јануари 2021 година.
Вториот настан е концерт, кој ќе биде емитуван онлајн на 18 декември во 19 часот на фејсбук-страницата на „Театар Пи“ https://www.facebook.com/theatre.center.pi .
Третиот настан е документарен филм со наслов „Прозорците што се смеат“, кој е поделен на два дела и ќе се емитува на 18 декември во 19 часот на фејсбук-страницата на „Театар Пи“ https://www.facebook.com/theatre.center.pi .
Првиот дел од документарцот е сниман пред пандемијата, во кој тие го покажуваат својот светоглед. Актерите низ разни сцени ги покажуваат своите таленти и можности и прават јасна динстинција помеѓу стереотипите создадени кон нив и кои се во суштина тие како индивидуалци со сите свои можности. Вториот дел од филмот е сниман за време на пандемијата, во кој актерите имаат можност за изразување на своите потреби и причини да создаваат и така да го изминат овој период на изолација, да најдат своја форма и начин да се себеизјават и да ги идентификуваат своите проблеми и јасно да ги изговорат.
Проектот е поддржан од Град Скопје и од Делагацијата на Европската Унија во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
15 починати и 356 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-171, Куманово-12, Тетово-19, Прилеп-15, Гостивар-6, Штип-7, Битола-4, Велес-10, Охрид-20, Струмица-8, Кавадарци-19, Струга-10, Кочани-2, Кичево-10, Свети Николе-1, Гевгелија-3, Неготино-3, Ресен-3, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Берово-4, Делчево-3, Пробиштип-7, Виница-3, Демир Хисар-1, Кратово-1, Крушево-4, Македонска Каменица-1, Демир Капија-1, Пехчево-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 587 оздравени пациенти од: Скопје-426, Куманово-18, Тетово-7, Прилеп-12, Гостивар-14, Штип-8, Битола-11, Велес-13, Струмица-13, Кавадарци-19, Кочани-6, Кичево-8, Свети Николе-1, Гевгелија-2, Неготино-2, Крива Паланка-8, Радовиш-6, Берово-3, Пробиштип-5, Валандово-1, Богданци-2, Кратово-1 и Пехчево-1.
Починати се 15 лица, пет пациенти од Скопје (65, 64, 82, 60 и 66г), еден од Куманово (73г), три пациенти од Тетово (78, 36 и 61г), еден од Прилеп (69г), еден од Кавадарци (73г), еден од Кичево (51г), еден од Крива Паланка (79г), еден од Делчево (46г) и еден пациент од Кратово (59г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89817, бројката на оздравени пациенти е 75387, на починати е 2754, а бројот на активни случаи изнесува 11676. Од вчера се евидентираат два контролни тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 39024, активни 6767
• Куманово 5062, активни 429
• Тетово 4994, активни 463
• Прилеп 4497, активни 269
• Гостивар 3552, активни 308
• Штип 3454, активни 166
• Битола 3178, активни 219
• Велес 2980, активни 307
• Охрид 2684, активни 387
• Струмица 2487, активни 360
• Кавадарци 2430, активни 365
• Струга 2162, активни 185
• Кочани 1704, активни 116
• Кичево 1681, активни 151
• Свети Николе 1062, активни 48
• Гевгелија 957, активни 117
• Неготино 948, активни 155
• Дебар 725, активни 106
• Ресен 715, активни 116
• Крива Паланка 708, активни 66
• Радовиш 679, активни 50
• Берово 571, активни 52
• Делчево 541, активни 157
• Пробиштип 489, активни 35
• Виница 479, активни 43
• Валандово 325, активни 23
• Демир Хисар 242, активни 14
• Македонски Брод 239, активни 14
• Богданци 214, активни 30
• Кратово 210, активни 14
• Крушево 196, активни 37
• Македонска Каменица 190, активни 48
• Демир Капија 180, активни 37
• Пехчево 177, активни 15
• Дојран 81, активни 7
Направените 1906 теста се преку: ИЈЗ-468, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-183, Биотек-134, МАНУ -120, Жан Митрев (Филип Втори)-83, Систина со PCR метода -166, лабораторија Лаор –52, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-60, Инфективна клиника-5, ГАК-0, Синлаб-38, Ремедика-16, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -504, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 437.267 тестирања на Ковид -19.
Македонија
(Видео) Мицкоски побара поддршка и од Пленковиќ: Граѓаните заслужуваат стабилност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот на партијата, Александар Николоски, денеска, во Загреб, имаа средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, и со министерот за надворешни и европски прашања на Хрватска, Гордан Грлиќ – Радман.
На средбата Мицкоски побара од Хрватска да го поддржи деблокирањето на европските интеграции на државата посочувајќи дека, покрај ветото од источниот сосед, граѓаните не заслужуваат да бидат заложници на неспособната влада на чело со Зоран Заев, која не може да испорача резултати.
„Ветувањата наспроти делата покажуваат дека Македонија се соочува со растечка сиромаштија, пропадната бизнис-клима и галопирачка корупција. Додека регионот и светот се рекордери по успеси и достигнувања, Македонија е рекордер по украдени избори, попис, кој е фалсификат во најава, потрошени пари за поткуп, партизирано судство и селективна правда. Сето ова граѓаните ги прави несреќни и е јасен показател дека мора да се променат работите“, истакна Мицкоски, кој додаде дека граѓаните заслужуваат стабилност и големи чекори напред.
Мицкоски му се заблагодари на Пленковиќ за поддршката најавувајќи дека Македонија е подготвена за промени, за борба за обезбедување на иднината и за рестартирање на општеството.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со ова ја заокружува дипломатската регионална посета, при што за четири дена се виде и оствари значајни средби со тројца премиери: премиерот на Хрватска – Андреј Пленковиќ, премиерот на Словенија – Јанез Јанша и премиерот на Унгарија – Виктор Орбан.
Македонија
Наставниците ѝ даваат зелено светло на реформата

Новата концепција за основно образование што ја нуди Министерството за образование и наука ни дава можност да ја покажеме нашата креативност и да се докажеме како наставници преку поголемата слобода во изведување на воспитно-образовниот процес. По години назадување, на реформата гледаме како можност за промена на образовниот систем и приближување до најдобрите образовни системи во Европа и светот, рекоа наставниците по средбата со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група во рамките на широкиот консултативен процес за предложените реформи во основното образование.
Професорката Елена Масторидис од ОУ „Лазо Трповски“ во Карпош рече дека првпат по 30 години работно искуство, се појавила министерка која овозможила да се чуе гласот на наставниците и тие да дадат придонес врз основа на искуството за да може новата концепција успешно да почне во септември 2021.
Ставот на наставницитe е дека промените се прават во најдобар интерес како на наставниците така и на учениците.
„Сметам дека апсолутно треба да ја поддржиме, да ја прифатиме, да ѝ дадеме зелено светло на новата концепција кшто ја нуди Министерството, на кој начин ќе можеме да се докажеме и ние како наставници, нашата креативност, и сè она што досега ни било ограничено, а имаме поголема слобода во изведување на тој воспитно-образовен процес и во остварување на нашите цели“, рече Марина Видикова од ОУ „Тоде Хаџи Тефов“ од Кавадарци.
И Рухи Демири од ОУ „Луиѓ Гаракуќи“ од Желино ги поддржува промените во образовниот систем бидејќи „со нив добиваат учениците, наставниците и сите директно вклучени во системот на образование“. Тој очекува со новата концепција подобра и поквалитетна настава, а со тоа и подобра иднина.
Реформата на основното образование ќе придонесе за враќање на изгубената вредност на професијата наставник, ќе ги мотивира најдобрите ученици да сакаат да бидат наставници, а оние што веќе се во образованието добиваат можност за напредок и развој.
За наставниците, целосно е прифатливо фокусирањето на професионалниот развој, што значи напредок во кариерата, повисоки примања и подобри услови за работа. Рекоа дека овие промени наставниците ги бараат со години и сега, со реформата, конечно ќе се реализираат. Сметаат дека промените ќе значат квалитативен исчекор, токму затоа што наставниците се вклучени од самиот почеток во подготвување на реформата и што нивните мислења се целосно имплементирани.
Наставниците истакнаа дека за нив е клучно што сите наставници по сите предмети продолжуваат со работа, но на еден поинаков начин, преку соработка меѓу себе и заедничко оценување. Ќе следат тримесечни темелни обуки со цел успешно имплементирање на реформата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот