Контакт

Македонија

Над еден милион евра незаконски се поделени како социјална помош, најмногу пари потрошени во Гостивар и Прилеп

Објавено пред

Над еден милион евра државни пари се поделени како социјална помош на лица што не ги исполнувале условите оти на свое име имале возило, покажаа првичните анализи во Министерството за труд и социјална политика. Социјални работници за „Макфакс“, неофицијално, велат дека сумата ќе расте оти сѐ уште во пресметката не се опфатени сите центри за социјална работа.

„Во незаконски исплати предничат Гостивар и Прилеп. Таму незаконски се исплатени најмногу пари. И сумата за Скопје, ако се соберат сите општини, не е мала, но Гостивар и Прилеп се на врвот на листата по незаконски исплати доколку се земе предвид бројот на жители и поделените пари како помош од државата“, неофицијално брифираат социјалните работници.

Техничкиот министер за труд и социјала, Ѓоко Велковски, иако најави дека на 5 април ќе биде извесно колку пари се проневерени оти ќе се исплаќа социјалната помош, бројки не соопшти. Од неговиот кабинет најавуваат дека првични податоци ќе бидат објавени следната недела.

„Сѐ уште се работи на собирање на сумите по исплатата на социјалната помош месецов. Следната недела пред јавноста ќе ги презентираме наодите“, велат од кабинетот на техничкиот министер за „Макфакс“.

Најпрецизно, пак, ќе се знае колкава е проневерата во Министерството за труд и социјала за два месеца кога техничкиот министер Велковски очекува да завршат рачните проверки на секое барање за социјална помош во сите центри за социјална работа во државата.

На почетокот на минатиот месец техничкиот министер Велковски обвини за милионски криминал со социјалната помош откога првпат во Министерство направија електронско вкрстување на податоците со Министерството за внатрешни работи и открија дека 2.252 лица, кои примиле социјална помош, имале возило на свое име иако еден од условите е да немаат возило.

Најново

Забава5 минути

(Видео) По шпекулациите за естетски зафати, Џенифер Лоренс се појави на црвениот тепих

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) се појави на њујоршката премиера на филмот „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во...

Спорт34 минути

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион34 минути

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија38 минути

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија41 минута

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...

Спорт45 минути

(Видео) Хет-трик на Винисиус за 12 минути, Бразил победи со 7:0

Бразилската фудбалска репрезентација го победи Сингапур со 7:0 во вториот пријателски натпревар во оваа земја. Во првиот натпревар, со многу...

Регион55 минути

Хашим Тачи осуден на дополнителни 17 месеци затвор поради влијание врз сведоци

Поранешниот претседател на Косово и некогашен командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, денеска е неправосилно осуден на...

Црна хроника1 час

Пијан охриѓанец излетал од коловоз со четирицикл, му биле измерени 2,22 промили алкохол

Полициски службеници синоќа привеле 41-годишен охриѓанец, кој управувајќи четирицикл под дејство на алкохол, изгубил контрола и излетал од коловозот. Како...

Црна хроника1 час

Приведен 56-годишник од Кичевско, со огнено оружје ѝ се заканувал на сопругата

Полицијата синоќа во 22:05 часот приведе 56-годишен маж од кичевско село, по пријава дека со огнено оружје ѝ се заканувал...