Македонија
Над 100 нови паркинг места и нови улици во Кисела Вода
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/thumbnail_4-2.jpg)
Финализираат градежните активности кои во изминатиов период се одвиваа во урбаниот дел на Кисела Вода. Жителите на населбата 11 Октомври згради, добија преку 100 нови паркинг места со изградбата на нови и реконструкција на постоечките паркинг места. Едновремено, Општина Кисела Вода работеше и на реконструкција на улиците, а ги реконструираше и пристапните рампи до влезовите и изгради пешачки патеки. Продолжуваме со силно темпо, решаваме децениски проблеми и работиме на места каде што никој во минатото не интервенирал, бидејќи Кисела Вода мора да биде модерна и напредна општина, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски кој денес изврши увид во завршните градежни активности во урбаната зедница 11 Октомври згради.
-Се комплетираат градежните зафати кои во изминатиов период се одвиваа во урбаниот дел на Кисела Вода. Изградивме нови паркинзи кои се од исклучителна важност за жителите кои живеат во овој дел од општината, но ги реконструиравме и постоечките. Работевме и на реконструкција на улиците. Речиси за првпат после земјотресот, краците на ,,Ѓорѓи Сугаре” добија нов асфалт, како и крак на ,,Михаил Чаков”, а ги реконструиравме и дел од сервисните улички. Во овој зафат, не изостана ниту грижата за уредувањето на урбаниот лик и затоа ги реконструиравме и пристапните рампи до влезовите и изградивме пешачки патеки. Паралелно работиме и на други позиции со цел рамномерно развивање на Кисела Вода и унапредувањето на условите за живеење на мојот народ, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.