Македонија
Нема да паднат на Уставен измените за „Бехтел и Енка“, не ја содржат спорната бројка од 60 работни часа, тврди Груби

Ниту евентуално оспорување на Уставен суд на изгласаните во Собрание законски измени и потпишани од претседателот на државата, Стево Пендаровски, нема да направи измени на договорот со „Бехтел и Енка“. Првиот вицепремиер Артан Груби на денешниот почеток на градежните работи за изградба на Коридорот 8 уверуваше дека нема причина некој да ги оспори уставните измени ниту, пак, има причина да паднат на Уставен суд.
„Нема да паднат на Уставен, не верувам дека ќе паднат на Уставен. Не гледам причина зошто би имало иницијатива до Уставен затоа што никаде во законите не се споменува спорната бројка од 60 работни часа. Се координира целата работа со правната служба во Владата, со законодавно-правната комисија, со сите експерти што ги имаат Владата и министерствата и со Министерството за труд и социјала. Нема апсолутно никаква причина ниту да се оспори ниту да се разгледува, претпоставувам, од Уставниот суд. Законското решение предвидува да може да работат прекувремено, како што може и сега, но за тоа ќе траба да дадат писмена согласност дека прифаќаат да работат прекувремено и за тоа мора да им се плати“, рече Груби.
Државната комисија за спречување корупција добила нецелосен договор за разгледување оти од договорот биле прочистени деловните тајни на „Бехтел и Енка“. Таков договор, нецелосен, е предвидено да биде покажан и пред пратениците со безбедносни сертификати во Собранието. Целосната верзија на договорот Груби рече дека ја добило само Јавното обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Илинден, Арачиново и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С.МРШЕВЦИ,ФЕЦ СИМАО 1,2.3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците на УЛ.МИЛАН МАРКОВИЌ БР.2-8. (општина Карпош)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С. МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФЕЦ СИМАО 1, 2, 3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека на ден 08.05.2025 година ( Четврток ):
· Поради уличен дефект на ф 65 мм на бул, Партизански Одреди бр.63, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Борка Талески и Зграда бр,63 на бул Партизански Одреди од 22:00 часот до завршување.(општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови од земјата, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во сабота повремено засилен северен ветер. Во недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.