Македонија
„Воинот на коњ“ нема да се урива, туку ќе се преименува
Нема да се урива, туку ќе се преименува „Воинот на коњ“ во споменик на Александар Македонски, најави владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Слична судбина ќе имаат и другите споменици дел од проектот „Скопје 2014“, како споменикот на Филип Втори и на Олимпија.
– Спомениците што ја отсликуваат хеленската култура како историско наследство на светот ќе го добијат тој епитет. „Воинот на коњ“ ќе го преименуваме во Александар Македонски и ќе дадеме објаснување дека е дел од хеленскиот антички период и како светско културно наследство. Нема уривање, тој станува симбол на пријателство меѓу Македонија и Грција. Ние не се срамиме да ги нарекуваме спомениците така како што се – рече Бошњаковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од март повисоки плати за 7% за наставниците и професорите

Верувам дека многу скоро ќе се случи потпишувањето на новиот колективен договор за подобрување на правата на вработените во основните и средните училишта, а во оваа прилика сакам да информирам, тие во март годинава ќе го добијат второто покачување на платите за 7%, откако во октомври минатата година го добија првото за 5%, истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на средбата со претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
Оваа средба е продолжение на конструктивниот социјален дијалог, во насока на усвојување нов колективен договор за основното и средното образование.
-Постигнат е голем исчекор напред, усогласени сме по однос на поголемиот дел од прашањата кои ги засегаат вработените во училиштата, а денес нашите преговори продолжуваат за да ја завршиме целосно работата на која се обврзавме ние како Влада од една страна и СОНК од друга страна, изјави Јаневска.
Министерката потенцираше дека за прв пат растот на платата е поврзан со степенот на инфлација, за да се обезбеди реално зголемување на приходите на вработените во основното и средното образование.
Македонија
Платформата на „СКОПСКО” продолжува со својата мисија за заштита на нашите природни богатства

Платформата за општествена одговорност на „СКОПСКО“, „Наша гордост. Наша одговорност. “ докажа дека заедничката акција носи вистински промени. Во изминатите две години, во кои во фокус беше Охридско Езеро, преку многубројни еколошки иницијативи – од чистење на природното богатство до поттик за селектирање – граѓаните се мобилизираа за позелена иднина.
„СКОПСКО“ во 2024 година организираше две големи акции за чистење на Охридско Езеро. Во јуни, 170 волонтери и нуркачи собраа 120 кубни метри отпад од брегот и дното на езерото.
Во октомври, со поддршка од нуркачкиот клуб „Амфора“, беа отстранети 3.800 метри напуштени рибарски мрежи, кои го загрозуваа езерскиот екосистем. Со чистење на овие т.н, мрежи духови се обновуваат местата каде што порано се мрестеле пастрмките што придонесува кон враќањето на ендемските видови во нивната природна средина.
Оваа платформа, меѓу другото, има цел да ги едуцира и да ги поттикне граѓаните да селектираат и самите да направат промена со која ќе ги заштитат нашите природни убавини.
Преку апликацијата „Екомак “, „СКОПСКО“ воведе промотивна акција “Поен за тебе, поен за природата!“, која им овозможува на граѓаните да селектираат амбалажа и да собираат „зелени поени“. За таа цел Пивара Скопје преку „СКОПСКО“ донираше две нови вендинг машини во Охрид и Струга. За два месеца беа собрани 120.000 парчиња амбалажа, а иницијативата продолжи низ целата држава.
Оваа година „СКОПСКО“ продолжува со активности во рамки на платформата, овој пат со фокус на нашите планини.
Од март ќе почнуваме со кампања „Заедно се грижиме за планините“ преку која, од секое продадено шише „скопско“ или „скопско смут“ со специјална етикета, ќе се собираат средства за активности посветени на чистење и обезбедување урбана инфраструктура на нашите планини.
ПР текст
Македонија
Еден милион евра грант од Кралството Шпанија за Охридско езеро

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата земја, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз.
Меџити во текот на состанокот го информирал амбасадорот Ортиз за приоритетите на Владата и Министерството за животна средина а разговарале за можностите за забрзување на процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија.
Меџити изјави дека нашите две пријателски земји имаат 30 години дипломатски односи, засновани на мултилатерална соработка и меѓусебно почитување, додека Шпанија спроведува европска политика која како суштинска компонента го има проширувањето на европското семејство со цел создавање заеднички простор на правила и вредности што ќе ја осигураат благосостојбата на нашите граѓани.
Во рамките на билатералната соработка со Кралството Шпанија, шпанската влада даде техничка помош со грант од приближно 1 милион евра, за консултантски и инженерски услуги за системот за одведување и третман на отпадни води за Охридското Езеро, за што Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити му се заблагодари за поддршката.