Македонија
Нема напредок во судството и борбата против корупцијата – објавен новиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија

Нема напредок во судството, борбата против корупцијата и реформата на јавната администрација, нотира новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија.
Делумно подобрување има во економските критериуми, но клучните области во првиот кластер остануваат без напредок. Влијание на тоа, како што се посочува, имаат и измените на Кривичниот законик, што беа изгласани во брза собраниска процедура. Во овој дел пишува дека максималните законски казни поврзани со корупција беа намалени, а тоа влијаеше на застарување, запирање, па дури и прекинување на голем број случаи на корупција на високо ниво, вклучително и на случаи од поранешното СЈО.
Извештајот се осврнува и на разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, при што посочено е дека се работи за контроверзно разрешување, што предизвикува загриженост за несоодветно политичко влијание.
Судскиот систем, но и борбата против корупцијата, се оценети меѓу одредено и умерено ниво на подготовка, а се истакнува и дека корупцијата останува распространета во многу области.
За јавната администрација, се оценува дека Северна Македонија останува умерено подготвена во однос на реформите и постигнат е ограничен напредок со усвојувањето на новата стратегија за реформа на јавната администрација и придружниот акционен план во јули 2023 година.
„И покрај тоа што процесот започна пред пет години, земјата се уште не ја усвои ревидираната законска рамка за управување со човечки ресурси, кој ги вклучува ревидираниот Закон за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и новите законски одредби за менаџмент на највисоко ниво. Новата рамка треба да го подобри управувањето со човечките ресурси низ администрацијата и да помогне да се обезбедат вработувања, унапредувања и отпуштања врз основа на заслуги на сите нивоа, вклучително и високото раководство“, се додава.
ЕК денеска објави три документи: стратегија за проширување, планот за економски раст и принципите за распределба на финансиската поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Илинден, Арачиново и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С.МРШЕВЦИ,ФЕЦ СИМАО 1,2.3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците на УЛ.МИЛАН МАРКОВИЌ БР.2-8. (општина Карпош)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С. МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФЕЦ СИМАО 1, 2, 3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека на ден 08.05.2025 година ( Четврток ):
· Поради уличен дефект на ф 65 мм на бул, Партизански Одреди бр.63, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Борка Талески и Зграда бр,63 на бул Партизански Одреди од 22:00 часот до завршување.(општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови од земјата, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во сабота повремено засилен северен ветер. Во недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.