Контакт

Македонија

Не можам да си најдам вина во обвинението, им рече ексминистерката за култура на судиите

Објавено пред

Ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, рече дека не се чувствува виновна, заедно со уште двете други обвинети – Јулијана Угриновска и Лидија Лазарова-Цветковска.

„Го разбирам тоа што е напишано, но не можам никаде да најдам каде има злоупотреба во обвинението“, рече Канческа-Милевска пред Судискиот совет. И второ и третообвинетата изјавија дека не се виновни. Обвинителот на СЈО, Стефчо Донев, даде воведен збор по што почна главната расправа за случајот „Тендери“.

Претходно судот им ги одби сите приговори на адвокатите на обвинетите. Со одлука на судот вештачењето на специјалното јавно обвинителство ќе биде доказ против обвинетите за случајот со изградбата на Музејот на ВМРО. Судијата Осман Шабани рече дека Советот за оценка веќе се произнел за обвинението во кое се содржани и околностите за вештачењата на СЈО. Петте бомби остануваат во судот, обвинетите нема да ги добијат, можеле во истрагата да ги слушаат и може во секое време да ги преслушуват во судот, рече судијата.

Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, е првообвинета во случајот „Тендери“ на специјалното јавно обвинителство. Таа е обвинета за злоупотреби со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО од проектот „Скопје 2014“. Апелациониот суд Скопје во ноември лани реши дека бомбите може да се користат како доказ во судската постапка и во случајот „Тендери“.

Македонија

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Објавено пред

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку која бара 100.000 евра, поради изнесени клевети и лаги за време на прес-конференција. Според Интегра, Мицкоски со неговото излагање му го нарушил угледот, авторитетот и честа на нивниот лидер, Љупчо Ристовски.

„Пораката е дека на јавна политичка сцена, секој, особено лидери на партии да престанат да сеат лаги и клевети и на тој начин да го разоруваат македонското национално ткиво. Длабоко вгнездените удбашки структури во ДП*НЕ веќе 30 години зад завеса ја раководат оваа политичка партија, која забрзано го губи приматот врз македонскиот национален стратегиски интерес. Интегра, со Божја помош, во налет го презема приматот, сигурно и неповратно“, објави партијата.

Доколку ја добијат судската постапка и оштетата од 100.000 евра, парите ќе бидат наменети за поддршка на здруженија за деца со пречки во развојот. Претходно, Ристовски изјави дека тужбата против Мицкоски е бидејќи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за време на прес-конференција кажал: „Имаме сериозни информации и докази дека финансиски мотивирани од други политички партии, а луѓето кои се тука со мене, исто така, тие индиции, ги потврдуваат со сопствено сомневање, дека постојат сериозни финансиски мотиви со цел да направат штета во опозицијата и да се поделат гласовите“.

Претходно, претседателот на Интегра побара Мицкоски да му се извини на него и партијата во рок од 24 часа, во спротивно, ја најави тужбата која денеска ја поднесе.

Прикажи повеќе...

Македонија

Презентирана онлајн платформа на пет јазици за учење од дома

Објавено пред

Со час по информатика се презентираше првата Национална платформа за онлајн учење во оваа учебна година.

Премиерот Зоран Заев најави дека Националната платформа за онлајн учење ќе работи на пет јазици: македонски, албански, турски, српски и бошњачки.

„Ги потврдуваме цврстите заложби на оваа Влада за негување на соживотот и различноста во нашето општество“, рече премиерот Зоран Заев, напоменувајќи дека иднината е во дигитализацијата.

Министерката за образование, Мила Царовска верува дека оваа алатка ќе биде корисна за образовниот процес дури и по крајот на пандемијата.

„Целосно ги разбирам оние кои се загрижени како ќе ја поминеме училишната година. И самата сум родителка и тоа го чувствувам“, рече Царовска.

Според неа, платформата ќе биде практична и лесна за користење од страна на наставниците и учениците. Има 1600 наставници кои се училишни обучувачи за користење на платформата и тие понатаму ќе ги обучат сите останати наставници во училиштата.

„Платформата го доближува образованието на каналите кои тие секако често ги користат. Ученикот преку компјутер или телефон ќе може да ја гледа училницата и наставникот“, рече Царовска.

Учениците ќе можат да предложуваат измени на платформата. Националната платформа за учење од далечина е изработена во соработка со ФИНКИ и МОН, а Царовска упати благодарност и до МАСИТ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Нашата пратеничка група треба да биде коректив на сите погрешни чекори на парламентарното мнозинство

Објавено пред

„Обврската пред новиот пратенички состав е мошне сериозна. Македонија е пред отворање на пристапни преговори со Европската Унија, но истовремено се соочуваме со здравствени, економски, социјални и образовни предизвици кои се од голем размер. Човекот учи додека е жив и најдобро е ако учи од туѓите искуства, бидејќи така спречува да ги повторува истите грешки. Македонија не смее да си дозволи нови изгубени години, затоа што тоа се нови изгубени генерации и послаби капацитети. Предизвиците кои стојат пред сите нас се глобални, но и внатрешни, поврзани со лошото владеење, злоупотребата и нефункционалноста на институциите. Токму со силен капацитет нашата пратеничка група треба да биде истовремено и коректив на сите погрешни чекори на актуелното парламентарно мнозинство, но истовремено да нуди и мерки и решенија кои ќе обезбедат просперитет, стабилност и поквалитетен живот за нашите сограѓани“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната Обука „Зајакнување на капацитетите на новоизбраните пратеници“, организирана од Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот „МК91“.

Според Мицкоски, овој пратенички состав пред себе ќе биде исправен со сериозен предизвик да корегира политики на една старо-нова влада која покажа исклучително низок капацитет во справување со барањата потребите и проблемите на граѓаните.

„Македонија за жал овие три години назадува, стана најкорумпираната држава во Европа, а има и пад на листата на дуинг бизнис, што говори дека сивата економија и криминалот сериозно удираат по стабилноста и просперитетот на Македонија. Заради ваквата состојба имаме сериозен пад на економијата и стандардот на граѓаните кој дополнително го влошуваат со непромислени потези како поскапување на електричната енергија, но истовремено сме земја од која најголем број млади сакаат да се отселат. Европските вредности и стандарди стануваат се подалечни за нашиот народ, бидејќи таму кај што царува криминалот, селективната правда и сиромаштијата, таму нема напредок.

Колку порано се застане на патот на оваа деструктивност, толку побрзо ќе се фати патот на успехот и благосостојбата. А вие како пратеници сте ја добиле поддршката од народот за тоа да работите и за тоа да се борите. Ваквите искуства ќе бидат драгоцени да вградиме секој свој сегмент во мозаикот наречен европска Македонија, затоа што со својот личен придонес за промоција на европските искуства и вредности ќе помогнете Македонија побрзо и поуспешно да излезе од вртлогот на безредието и да чекори кон подобро утре на нашите идни генерации.Во таа насока, денешната обука, која ќе ја предводат голем број експерти со практично и теоретски искуство во работата на законодавниот дом треба да биде поттик за сите вас присутни денес да го инвестирате сиот свој потенцијал и претходно знаење во насока на градење на силна и европска Македонија.
Уште еднаш голема благодарност до организаторите на денешниот настан“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку која бара 100.000 евра, поради изнесени клевети и лаги...

Македонија38 минути

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион2 часа

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет2 часа

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија2 часа

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион3 часа

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија3 часа

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Свет3 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет4 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија4 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ5 часа

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа5 часа

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет5 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Регион5 часа

(Видео) Голем пожар во Мостар, состојбата е критична

Огромен пожар избувна синоќа во јужните предградија на Мостар, пренесуваат босанските медиуми. Според нив, пожарот зафатил површина од неколку километри,...

Македонија16 часа

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст...

Топ17 часа

Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба, пронајдена вага

Голем број полициски екипи има пред познатата пекарница „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава...

Свет17 часа

Навални номиниран за Нобелова награда

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во...

Македонија18 часа

Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот на Палевски

Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по веста...

Топ18 часа

Бизнисменот Љупчо Палевски претепан со метален предмет во Скопје

Бизнисменот Љупчо Палевски попладнево бил нападнат во Скопје. „Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна...

Топ20 часа

Откриен случај на детска проституција, макро била 20-годишна велешанка

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес поради детска проституција. Во периодот од 4.7. до 13.7.2020 девојката во...

Досие