Македонија
Николоски: Почитувањето на човековите права во Бугарија и Грција е услов за мојaта поддршка за комесар за човекови права
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/nikoloski.jpg)
Овие два дена во Париз се одржува Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа, каде присуствува и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој рече дека најбитната точка која што се разгледува е изборот за Комесар за човекови права. Можеби една од најзначајните институции во Европа имајќи предвид дека директно се занимава со човековите и малцински права кои што се под опасност во многу земји во рамки на европскиот континент.
-Има три кандидати, едната е г-ѓа Кунева од Бугарија, вториот е г-дин Новак од Австрија и третиот е г-динот О`Флаерти од Ирска. Тројцата ги прашав истото прашање со цел да одлучам кого од овие три кандидати би поддржал, а тоа е прво ќе направат, заштита на човековите и малцински права на македонското малцинство во Бугарија, во Грција имајќи предвид дека правата на овие две малцинства се сериозно загрозени, односно дека Македонците во Бугарија и Грција не можат да го користат својот мајчин јазик во образованието, немаат права да се здружуваат нити во здруженија на граѓани, нити во политички партии, уште помалце имаат право да се искажуваат себе си како Македонци.
Исто така тројцата ги прашав и што ќе направат за спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур кои се однесуваат на Македонците во Бугарија, а кои пресуди се во директна надлежност на Комесарот за човекови права во Европа. Побарав да се заложат за спроведување на пресудите кои се поврзани директно со правата на Македонците во делот на самоидентификација, во делот на правото на здружување и во делот на употребата на мајчиниот јазик во процесот на образование во Бугарија. Сметам дека ова е нешто на што треба заеднички да работиме и сметам дека идниот Комесар за заштита на човековите права во Европа треба да го има ова како приоритет.
Можам да кажам дека ќе продолжам да правам силен притисок врз овие три кандидати до изборот на еден од нив на јануарската сесија на Парламентарното собрание во Стразбур со цел правата на Македонците и во Бугарија и во Грција да бидат заштитени согласно Европската Конвенција за човекови права како и Повелбата за малцински јазици и Повелбата за заштита на националните малцинства кои всушност ги има донесено Советот на Европа, а ги има поддржано и Европската Унија. Заштитата на основните човекови права треба да е приоритет број еден во следниот период и сметам дека и македонската влада треба силно да се ангажира, а не само ВМРО-ДПМНЕ како опозиција – рече Николоски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.