Контакт

Македонија

(Видео) ОТА ќе биде во „Телеком“, директорот уверува дека нема незаконско прислушување

Објавено пред

Новиот директор на Оперативно-техничката агенција (ОТА), Зоран Ангеловски, уверува дека веќе не се прислушува незаконски. Тој пред почетокот на првата средба со Комисијата за надзор над спроведувањето на пи-мерките за следење на комуникациите од страна на МВР, Финансова полиција, Царинска управа и Министерството за одбрана рече дека опремата е пренесена во новоформираната ОТА и дека од 1 ноември ќе почне со работа. Агенцијата привремено ќе биде сместена во централата на „Телеком“.

„Поради кусото време со кое располагавме, ОТА требаше да профункционира од 1 ноември, по моја одлука единственото место на кое можевме релативно брзо да ги поставиме сите технички услови беше ТК центарот на „Телеком“. Таму имаме изнајмено простор преку Владата. Просторот е во крајна фаза на подготовка и за почеток ОТА ќе биде таму“, рече Ангеловски.

Ангеловски вети транспарентност во работата, а освен оваа собраниска Комисија, втората комисија надлежна за работата на ОТА која се формира е граѓанска, третата е комисија за класифицирани податоци и четвртата за заштита на личните податоци.

Оперативно техничката агенција се формира како дел од реформските закони, по аферата со незаконското прислушување. Директорот беше избран со двотретинско мнозинство во Собранието и има мандат од пет години.

 

Македонија

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Објавено пред

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, пришто пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат забелешки ќе поднесат амандмани.

Новиот предлог-закон предвидува Специјалното јавно обвинителство да премине во државното како Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција, а со него да раководи обвинителката Вилма Рускска. Новото обвинителство ќе треба да има и свој буџет што нема да зависи од Владата и парламентот. Во него ќе преминат и сите обвинители и истражители кои сега работат во СЈО.

Од ВМРО-ДПМНЕ викендов се изјаснија дека за нив е е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Рускоска, на што од СДСМ возвратија дека тоа е алиби за неприфаќање на новиот закон.

Од Министерството за правда очекуваат поддршка од сите пратеници, но велат дека ги зачудува измената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со предлогот Вилма Русковска да биде на чело на новото Јавно обвинителство за гонење криминал и висока корупција.

„Очекуваме поддршка од сите, особено што ВМРО-ДПМНЕ кога поднесе до Министерството амандмани на претходниот текст на законот предложи СЈО да биде дел од Јавното обвинителство за организиран криминал, а не предлагаше никакви кадровски промени во обвинителството за организиран криминал, што практично значи дека во новиот текст на законот е прифатен нивниот предлог Јавното обвинителство на чело со Русковска да ги води случаите на СЈО. Сега зачудува измената на нивниот став по ова прашање“, истакнуваат од Министерството за правда.

Премиерот Заев минатата недела посочи дека е потребно законот да се донесе летово, а најдобро е овој месец, бидејќи прашањето не смее да се пролонгира со оглед на тоа што очекуваме датум за преговори. Рускоска во моментов е прв човек на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Села бара јавен обвинител од странство

Објавено пред

Зијадин Села од Алијансата за Албанците, објави неколку забелешки за владиниот предлог закон за Јавното Обвинителство.

Тој истакна дека ќе се обидат да интервенираат амандмански во неколку главни области, меѓу кои и во тоа прислушуваните материјали да се користат како докази и во новото обвинителство што го наследува СЈО.

Понатаму, Алијансата за Албанците е децидна дека во Советот на јавни обвинители да не смее да има партиски членови, поранешни државни функционери кои биле членови на партија и јавниот обвинител да биде експерт од странство.

„Законот кој се предлага има за цел да се амнестираат и да не се користат како материјални докази сите прислушувани разговори кои беа предмет на политичката криза. Ние како партија заинтересирана за вистински реформи сме во многу тешка ситуација. Не поддржувајќи го законот, амнестирани ќе останат корумпираните и оние што ја злоупотребиле службената положба, а гласајќи за ваков предлог закон ние пак ќе ги амнестираме сите, бидејќи законот важи отсега па натаму”, вели Села.

Предлог-законот за обвинителството од денеска влегува во собраниска процедура.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до Заев: Повеќе се снаоѓате во криминалот отколку во историјата

Објавено пред

Гледајте си рекетот. Повеќе се снаоѓате во криминалот отколку во историјата, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по статусот на Зоран Заев, во кој премиерот зборува за изјавата поврзана со историјата во интервјуто на грчката „Алфа“.

„Вам ви е местото со Боки, Кики, Фрики, Рашковски, Дудуш и останатите членови на октоподот што го формиравте. Вие сте срам за Македонија. Колку порано заминете, толку подобро и за државата и за народот. Залудно објаснувате колку бавно и тешко ги разбирате работите. Залудно се правдате и дообјаснувате. Тоа е ваш проблем и што побргу треба да престане да биде проблем на Македонија. Веќе не ви поминуваат извинувањата до небо или од дното на душата.

Вие сте штетник и го пробивате дното секогаш кога граѓаните мислат дека не може да паднете подолу. Спакувајте се и одете си“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, пришто пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат забелешки...

Македонија30 минути

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион40 минути

Грчкиот Парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот Парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија15 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија16 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија16 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија18 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија19 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија21 час

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет23 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет23 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет23 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет24 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет1 ден

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет1 ден

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија1 ден

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија2 дена

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион2 дена

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија2 дена

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија2 дена

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Досие