Македонија
Нови 1.216 заболени и 15 починати од коронавирус во Македонија
Во последните 24 часа се направени 3.761 тестирање, а регистрирани се 1.216 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 624, Прилеп – 80, Битола – 50, Велес – 46, Куманово – 43, Тетово – 40, Кавадарци -36, Кочани – 32, Охрид – 30, Неготино – 23, Струмица – 22, Штип – 21, Гевгелија – 20, Валандово – 16, Гостивар и Берово – по 14, Демир Капија – 13, Ресен – 12, Пробиштип и Крушево – по 9, Свети Николе – 8, Струга, Радовиш и Делчево – по 7, Виница – 5, Кичево, Крива Паланка, Богданци и Пехчево – по 4, Кратово и Демир Хисар – по 3, Дебар и Македонски Брод – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Регистрирани се 111 оздравени пациенти, и тоа од: Кавадарци – 55, Неготино – 39, Скопје – 8, Демир Капија – 5, Кочани – 2, Тетово и Виница – по 1.
Пријавени се вкупно 15 починати лица на возраст од 53 до 94 години, и тоа: 6 пациенти од Скопје, по две починати лица од Прилеп, Тетово и од Кочани и по 1 починато лице од Куманово, Битола и од Крушево. 14 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.
Направени се 3.761 тест преку: ИЈЗ – 732, ЦЈЗ Скопје – 136, „Авицена“ – 345, „Биотек“ – 407, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 152, „Систина“ – 303, лабораторија „Лаор“ – 202, Судска медицина – 17, ЦЈЗ Битола – 80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 8, „Синлаб“ – 78, „Ремедика“ – 39, лабораторија во болницата во Козле – 15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.246, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 578.923 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, бројката на оздравени пациенти е 99.126, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 51.714, активни 6.943
Прилеп 6.334, активни 944
Куманово 6.101, активни 479
Тетово 5.903, активни 433
Гостивар 4.151, активни 347
Кавадарци 3.990, активни 665
Штип 3.906, активни 249
Велес 3.888, активни 411
Битола 3.852, активни 413
Охрид 3.685, активни 518
Струмица 2.984, активни 254
Струга 2.545, активни 176
Кочани 2.046, активни 198
Кичево 1.849, активни 68
Неготино 1.677, активни 421
Гевгелија 1.552, активни 320
Свети Николе 1.164, активни 51
Крива Паланка 993, активни 140
Ресен 911, активни 112
Дебар 809, активни 15
Радовиш 809, активни 65
Делчево 787, активни 65
Берово 735, активни 84
Пробиштип 618, активни 65
Виница 548, активни 26
Валандово 444, активни 72
Крушево 396, активни 127
Богданци 354, активни 67
Кратово 306, активни 25
Демир Хисар 306, активни 41
Демир Капија 315, активни 77
Македонски Брод 263, активни 11
Пехчево 205, активни 17
Македонска Каменица 195, активни 3
Дојран 103, активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.
Македонија
Променливо облачно и студено време со повремен снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите постепено да престанат.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус пет до два степена, додека дневните ќе достигнат од минус еден до пет степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне околу три степени.
Според најавите од УХМР, од почетокот на следната седмица се очекува стабилизирање на времето. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, ќе преовладува суво и студено време, а на одделни места утринските температури ќе се спуштат и под минус десет степени.
Македонија
ДИК: До 19:00 часот гласаа 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа
Државната изборна комисија информира дека до 19:00 часот денеска од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа до 19:00 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово – Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.
Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, велат од ДИК.
ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните, немоќните и лицата кои се на издржување казна затвор, не се објавуваат денеска посебно.
„Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денеска. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа“, стои во соопштението на Државната изборна комисија.

