Македонија
Нови 13 починати и 1.172 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.021 тестови, а регистрирани се 1.172 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 629, Битола – 109, Куманово – 64, Охрид – 53, Штип – 36, Тетово – 35, Кавадарци – 30, Велес и Кичево – по 27, Прилеп – 25, Струмица – 24, Гостивар – 23, Ресен – 20, Гевгелија – 19, Струга – 11, Неготино – 9, Свети Николе – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Кочани – 3, Радовиш и Виница – по 2, Берово, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево, Демир Хисар и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.172), регистрирани се 145 реинфекции.
Регистрирани сe 553 оздравени пациенти од: Битола – 144, Прилеп – 65, Скопје – 53, Куманово – 40, Кавадарци – 24, Штип – 22, Велес – 20, Гевгелија и Кочани – по 19, Радовиш – 18, Тетово – 14, Кичево и Неготино – по 13, Крива Паланка и Богданци – по 10, Гостивар и Свети Николе – по 9, Делчево – 8, Демир Хисар – 7, Ресен и Валандово – по 5, Крушево, Македонски Брод и Пхечево – по 4, Струмица, Берово, Кратово и Пробиштип – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Скопје (65г, 69г, 70г, 78г, 83г и 84г), 3 од Битола (32г, 72г и 79г) и по едно починато лице од Велес (30г), Охрид (63г) и Прилеп (62г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавено е едно починато лице од Струмица (59г) починат на 15.01.2022, во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=13), пет лица се целосно вакцинирани.
Направени се 4.021 тестови преку: ИЈЗ-358, ЦЈЗ Скопје-72, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–15, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–163, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-112, Биотек-207, Систина-104, лабораторија Лаор-204, Синлаб-0, Ремедика-17, Плодност-106, Генеа-11, Никоб Лаб-484, ВФВ Медикал-69, Ели Медика-29, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–21, Жан Митрев Струмица–18, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.762.
Досега во земјата се направени вкупно 1.727.856 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 250.876, бројот на оздравени пациенти е 223.606, на починати е 8.166, а бројот на активни случаи изнесува 19.104.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 113182, Активни 10286
Куманово 14095, Активни 731
Прилеп 12226, Активни 999
Тетово 11854, Активни 352
Битола 11591, Активни 1599
Гостивар 8436, Активни 272
Кавадарци 8128, Активни 451
Велес 7983, Активни 350
Охрид 7590, Активни 616
Штип 7222, Активни 313
Струмица 6806, Активни 413
Кичево 4693, Активни 290
Кочани 4388, Активни 200
Струга 4190, Активни 215
Гевгелија 3372, Активни 293
Неготино 2881, Активни 179
Свети Николе 2297, Активни 111
Ресен 2156, Активни 217
Крива Паланка 2110, Активни 114
Радовиш 2072, Активни 205
Делчево 1627, Активни 113
Берово 1572, Активни 81
Дебар 1481, Активни 16
Виница 1232, Активни 36
Валандово 1226, Активни 144
Пробиштип 1217, Активни 51
Кратово 846, Активни 53
Крушево 781, Активни 147
Богданци 781, Активни 66
Демир Хисар 724, Активни 61
Македонски Брод 601, Активни 39
Македонска Каменица 465, Активни 32
Демир Капија 462, Активни 24
Пехчево 392, Активни 23
Дојран 197, Активни 12
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.