Македонија
Нови 865 заболени и 25 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.889 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на Kовид-19, и тоа во: Скопје-330, Куманово-28, Дебар-12, Штип-22, Прилеп-47, Тетово-42, Струга-24, Велес-35, Битола-42, Охрид-36, Кавадарци-38, Гостивар-29, Гевгелија-33, Струмица-25, Крива Паланка-3, Радовиш-14, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево –2, Берово-4, Валандово-3, Делчево-15, Кратово-2, Свети Николе-8, Кичево-18, Ресен-7, Неготино-26.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 641 оздравен пациент, и тоа од: Скопје-248, Куманово-31, Дебар-8, Штип-26, Прилеп-35, Тетово-34, Велес-33, Битола-28, Охрид-1, Кавадарци-25, Гостивар-44, Гевгелија-13, Струмица-32, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Валандово-2, Виница-15, Кратово-1, Свети Николе-14, Кичево-7, Ресен-6 и Неготино-15.
Починати се 25 лица – десет пациенти од Скопје (50, 66, 40, 80, 61, 79, 71, 83, 71 и 73), еден од Куманово (81), двајца од Штип (63 и 51), тројца пациенти од Прилеп (85, 59 и 44), еден од Тетово (73), двајца од Струга (81 и 89), еден од Велес (78), еден од Охрид (83), еден од Кавадарци (69), еден од Гостивар (66), еден од Струмица (70) и еден пациент од Радовиш (68). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 75.597, бројката на оздравени пациенти е 51.493, на починати е 2.194, а бројот на активни случаи изнесува 21.910. Според досега завршените епидемиолошки анализи. во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 32.642, активни 11.566
• Куманово 4.353, активни 619
• Дебар 575, активни 170
• Штип 3.110, активни 413
• Прилеп 3.776, активни 886
• Тетово 4.485, активни 1012
• Струга 1.832, активни 465
• Велес 2.508, активни 652
• Битола 2.730, активни 826
• Охрид 2.108, активни 610
• Кавадарци 1.777, активни 623
• Гостивар 3.145, активни 770
• Гевгелија 988, активни 301 (69 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 168 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2067, активни 594
• Крива Паланка 535, активни 119
• Радовиш 542, активни 131
• Крушево 151, активни 71
• Кочани 1.466, активни 265
• Пробиштип 416, активни 64
• Демир Хисар 224, активни 45
• Македонски Брод 202, активни 32
• Пехчево 122, активни 21
• Берово 456, активни 97
• Валандово 256, активни 54
• Виница 419, активни 105
• Делчево 628, активни 304 (174 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 176, активни 27
• Свети Николе 989, активни 179
• Кичево 1476, активни 350
• Ресен 574, активни 171
• Неготино 869, активни 368 (136 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.889 теста се преку: ИЈЗ – 756, ЦЈЗ Скопје – 94, „Авицена“ – 244, „Биотек“ – 177, МАНУ – 228, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 143, „Систина“ со PCR-метода – 161, лабораторија „Лаор“ – 52, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 62, Инфективна клиника – 3, ГАК – 10, „Синлаб“ – 60, „Ремедика“ – 24, лабораторија во болницата во Козле – 16, ЈЗУ (рапид-тест) – 857, УК Пулмологија со алергологија – 2, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 371.391 тестирање на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ призна дека ги прислушкувал Мицкоски, новинари и бизнисмени, вели Петрушевски

СДСМ призна дека го прислушкувал и го следел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и новинари и бизнисмени, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Претеникот Бране Петрушевски истакна дека ова признание открива целосно злоупотребување на државниот апарат за политички цели.
„СДСМ прво тврдеше дека не прислушкувале и не следеле никого, а сега, преку ова признавање, се обидуваат да ја свртат приказната за 180 степени со глупи тези за наводната содржина на материјалите“, изјави Петрушевски.
Според него, признанието на СДСМ ги потврдува двете клучни точки:
– „Прво, го следеле и прислушкувале претседателот Мицкоски.“
– „Второ, иако прислушкувале пет години, велат дека не нашле ништо спорно или противзаконски. Доколку нешто било спорно, велат, ќе отвореле постапка одамна“.
„Со ова, СДСМ го дава најголемиот доказ дека целиот државен апарат бил ставен во функција за тие да опстанат што подолго на власт“, рече Петрушевски.
Тој додаде дека Јавното обвинителство не смее да молчи.
„Очекуваме веднаш акција и разрешница. Нема време за одлагање кога станува збор за ваква злоупотреба на институциите“, истакна пратеникот.
Петрушевски нагласи дека ваквиот скандал не смее да остане неказнет, и дека граѓаните очекуваат одговорност од сите кои учествувале во прислушкувањето.
Македонија
Учениците се оставени без учебници, родителите печатат материјали од Вибер, реагираше СДСМ

Образовниот систем во Македонија ја почна хаотично новата учебна година, откако се покажа дека учениците немаат учебници, иако од ВМРО-ДПМНЕ го ветуваа спротивното.
„Иако во предизборните ветувања беше кажано дека сите ученици ќе добијат нови учебници, вистината е сосема поинаква. Самата министерката Јаневска призна дека учебници нема, иако се потрошени над 11 милиони евра од буџетот на граѓаните“, истакнуваат од СДСМ.
Недостасуваат учебници за математика и историја за 8-мо одделение, а родителите се приморани да печатат материјали од Вибер-групи. Проблемот е уште поголем за стручните училишта, каде што цели генерации немаат учебници по управно, процесно, правно и државно уредување.
„Учебници има само за најмалите ученици, од прво до трето одделение, додека за четврто и петто одделение ситуацијата е катастрофална. Одговорноста за овој хаос е кај министерката Јаневска и премиерот Мицкоски. Тие излажаа и ги изневерија учениците, родителите и наставниците“, велат од СДСМ.
Од партијата додаваат дека ваквите состојби не смеат да се повторуваат и повикуваат на итна интервенција за обезбедување учебници за сите ученици.
Македонија
Ѓолека, Јаоски и Азизи влегуваат во трка за градоначалници, сподели Али Ахмети

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, вчера ја свика 23-та седница на Централното претседателство на партијата, каде се дискутираше за актуелните политички случувања, мобилизацијата на Националната алијанса за интеграција и претстојниот референдум закажан за 19 октомври.
На седницата едногласно беа усвоени три нови кандидатури за градоначалници: Фламур Ѓолека за Долнени, Али Јаоски за Пласница и Исамедин Азизи за Бутел.
„На 19 октомври народот ќе го врати достоинството и ќе ја потврди својата историска улога. Убеден сум дека ќе извојуваме плебисцитарна победа која ќе биде наша заедничка гордост“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по завршувањето на состанокот.
ДУИ најавува дека е во завршна фаза на селекција на сите кандидатури со кои Националната алијанса за интеграција ќе настапи на локалните избори.
„Сите сме на нозе, сите сме мобилизирани за победа, ова не е само партиска битка, туку битка за достоинството и иднината“, стои во соопштението на партијата.