Македонија
Нeстабилно време со пороен дожд, силен ветер и појава на град
Под влијание на циклонска активност од утре следува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, елатектрични празнења и изолирана појава на град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас
Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, само затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас на Заеви?
Дали Заев и Љупчо Николовски склучувале договори во 4 очи за местење на тендери? Исто така, кои други грантови, тендери биле добивани и доделувани, а се поврзани со истово ова трио, прашува Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него,кога се спомнува зборот корупција, првата асоцијација е СДС, Заев, Филипче и Љупчо Николовски.
„Власта на Заев, Филипче и Љупчо Николовски меѓу јавноста е позната како најкорумпираната и најкриминалната власт во историјата на Македонија.
Љупчо Николовски своевремено, освен министер за земјоделие, беше и вицепремиер за борба против корупција. Но, наместо да се бори против истата, тој по насока на неговиот ментор Заев, ја создавал и бил активен чинител на истата.
Дека станува збор за корупција, се јавува фактот што по отписот на 2000 тони жито од стоковите резерви на државата во вредност близу 800.000 евра, кое е подарок од Заев и Филипче кон Љупчо Николовски, веќе следната година, тој му возвраќа на Заев со грант од Агенцијата за ИПАРД во вредност од 1,4 милиони евра. Добитник на овој европски грант е фирмата „Тргопродукт’’ на Заеви, односно познатиот бренд „Мамас’’.
Уште по сомнително, додава тој, е тоа што во тоа време, овој грант од 1,4 милиони евра, бил втор најголем грант во историјата на ИПАРД програмата.
И ова, според него, не е единствен ваков случај, и затоа го повикуваме обвинителството да го истражи ова до крај.
„Сега е шансата на обвинителството да се покаже, да отпочне постапка по допрен глас и да ги провери сите овие сомнежи.
А додека Филипче ги разрешува сите околу него, освен тој самиот, нека одговори до кога ќе ја држи функцијата претседател на СДС само за да му удоволи на Заев и на нивните бизнис интереси“.
Македонија
Посебни контејнери, тарифник и термин за собирање на отпадот: Ѓорѓиевски на средба со скопските угостители
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на социјалните мрежи објави дека остварил средба со скопските угостители на која биле договорени детали за подобрување на нивната работа и како што вели на севкупниот урбан амбиент во градот.
„Скопските угостителски објекти ќе имаат посебни контејнери, избран е и посебен советник за угостители
Денес остваривме конструктивна средба со скопските угостители, на која произлегоа важни чекори за подобрување на нивната работа и на севкупниот урбан амбиент во градот.
Ако сакаме Скопје да биде чист, уреден и функционален град, мора да поставиме јасни правила и да работиме заедно.
Во таа насока, договоривме секој угостителски објект да набави сопствени контејнери и да добие посебен тарифник со прецизни правила за одлагање на отпад, како и термин за собирање кој ќе важи единствено за правните субјекти“.
Ова, како што вели, ќе значи крај на нередот и почеток на поуредено, поодговорно функционирање.
„Како што веќе беше усогласено на претходните средби, за советник задолжен за секојдневна комуникација со угостителите и кабинетот е избран Драган Арсовски, човек со долгогодишно искуство, а избран по предлог на сите чинители во овој сектор.
Тој ќе биде мостот кој ќе ја олеснува координацијата, ќе ги решава проблемите на терен и ќе обезбеди континуирано подобрување на условите за работа.
Договоривме и до 15 јануари да се достават елаборатите за користење на урбаната опрема која досега во изминатите години не се наплаќаше, со што конечно ќе се стави крај на хаосот и ќе се воспостави јасен ред.
Ова се клучни моменти кога сите заедно се ставаме во служба на граѓаните – одговорно, посветено и со јасна цел.
Го враќаме ноќниот живот во Скопје, но го враќаме и редот.
Нашиот град заслужува да биде полн со енергија, младост и креативност, а тоа е можно само со силна поддршка и вистинско партнерство со угостителскиот сектор.
Благодарен сум за разбирањето и поддршката.
Скопје заслужува да биде град на култура, современ урбан живот, силна економија и заедно ќе стигнеме до таа цел“, соопшти тој.
Македонија
(Видео) Кузеска: Обвинителството да постапи за скандалот од 9 милиони евра
Бараме Јавното обвинителство да постапи за големиот корупциски скандал со тендери од речиси 9 милиони евра, доделени на фирма со само двајца вработени, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Јавно и детално, пред граѓаните, со факти и докази веќе ја презентиравме целата корупциска шема. Сите докази се јавно достапни, објавени, проверливи и повеќе од доволни за старт на истрага. Поднесовме и пријава до Државната комисија за спречување на коруцпија. Јавното обвинителство не смее да молчи туку да делува. Крадењето на народот преку корупциски шеми за пумпање на парите мора да запре и да следува одговорност“, рече таа.
Кузеска кажа дека станува збор за 9 милиони евра пари на граѓаните кои треба да завршат кај граѓаните, а не по џебовите на врхушхата на власт и во Белата палата.
„Власта на големо спроведува грабеж преку шема за испумпување на народните пари. Ова се истите шеми на Никола Груевски и Сашо Мијалков, со кои се испумпаа 2 милијарди евра пари на граѓаните. Мицкоски само го продолжува тоа што го научил од неговите учители“, рече Кузеска.

